- Пекинг предупредува: Странски служби шпионираат со морски животни опремени со сензори
- Општина Чаир: Транспарентно и законски спроведени тендерите за инфраструктурни проекти
- Милошоски: По преспанскиот договор добивме ветa, не отворање на преговори
- Тага во Бразил пред почетокот на Мундијалот: Почина познат фудбалер, светски шампион
- УХМР со метео предупредување – Од понеделник нова промена со времето
- Словенија ја укина забраната за влез за Нетанјаху и други мерки против Израел
- ВИДЕО: Пожар и паника пред зграда во Кисела Вода
- Зграда срамнета со земја, покривот заврши на железничка станица – Хорор во регионот
Author: Author 04
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде „жолто“ ниво на предупредување за поплави, поради најава за обилни врнежи предизвикани од циклонска активност, кои се очекуваат во текот на ноќта и утрешниот ден во јужните и југоисточните делови на земјата. Од УХМР посочуваат дека се очекува зголемен водостој на реките и суводолиците во овие региони, со потенцијална опасност од локални излевања. УХМР предупредува дека висок водостој е можен во следните сливови и региони: Доколку прогнозираните количини на врнежи се остварат, можно е да проработат помалите реки и суводолици, што локално може да предизвика излевања. „Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците…
Потрагата по 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино, кој исчезна во јануари оваа година и по кого подолго време трагаше семејството и полицијата, има тажна завршница. Неговата сестра, Марија, преку социјалните мрежи објави дека Миле Тодоров е починат. Детали за причините и околностите околу смртта не се соопштени.
Нашите деца не се помалку способни од нивните европски врсници за да бидат на дното на табелите од меѓународните тестирања. Затоа ќе го продолжиме времето што го минуваат во училиште, и тоа ќе се искористи за развивање на знаења и вештини споредливи со оние што ги имаат учениците во Европа. За да ги подготвиме наставниците да преминат од предавачи на факти во водичи и партнери во учењето, ќе посетуваат потребни обуки, меѓу кои и за читање со разбирање, рече министерката за образование и наука, Весна Јаневска, на Свечената академија по повод 30-годишниот јубилеј на Педагошкиот факултет. Таа кажа и дека…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска на свечена церемонија ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Индонезија, Листиана Оперананта, со седиште во Софија. Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, изразила задоволство од динамиката на билатералните односи, воспоставени на 25 мај 1993 година, истакнувајќи ја важноста на продлабочувањето на соработката на политички план, во меѓународните организации, како и во економијата. На средбата претседателката ја нагласила важната улога на почесниот конзул на Индонезија, Сашко Кедев, во зацврстувањето на пријателските односи меѓу двете земји, како една од причините за доделување на орденот „8 Септември“. Таа ја потенцирала важноста на дијалогот меѓу македонската и…
Царински службеници од ЦИ Тетово спречија обид за криумчарње стока која била натоварена во Турција и наменета за увозник од Скопје. Станува збор за 2000 кг, или 200 вреќи од по 10 кг прашак за перење алишта со трговска марка Ариел која ги повредува правата од интелектуална сопственост. Преку одделението за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост при Царинската управа известен е правниот застапник на носителот на правото кој потврди дека предметниот прашак Ариел е фалсификат и со тоа ги повредува правата од интелектуална сопственост заради што е согласен за уништување на стоката. Против сторителот по спроведување…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео-аларм за утрешниот ден (05.12.2025), најавувајќи дека насекаде ќе има врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови на земјата. „Локално се очекува да наврнат над 40 литри на квадратен метар за 24 часа,“ соопшти УХМР.
Американската стопанска комора (AmCham) вчера го одржа своето 25-то генерално собрание, одбележувајќи значаен јубилеј – четвртина век посветена работа за поддршка на развојот на домашната економија, унапредување на деловното опкружување, размена на добри деловни практики и застапување на интересите на своите членки, кои денес надминуваат бројка од 150 субјекти во земјава. Во рамките на овогодишното собрание, за член на Одборот на директори на AmCham по вторпат беше избран г. Живко Мукаетов, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, со што уште еднаш се потврдува неговата посветеност, како и посветеноста на компанијата на принципите за транспарентност, интегритет…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј.(40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, поднесе оставка од функцијата ректор, соопштувајќи ја својата одлука по состанокот на Извршниот одбор на Колеџот. Могерини изјави дека оставката ја поднесува „во согласност со највисоките стандарди на строгост и праведност со кои отсекогаш ги извршував моите должности“. Нејзината изјава дојде еден ден откако високиот функционер на ЕУ, Стефано Санино, објави дека ќе се пензионира на крајот на декември. Санино, кој е исто така осомничен, е директор на Генералниот директорат на Комисијата за Блискиот Исток, Северна Африка и Заливот.
Вчера во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
