Close Menu
Press24
    Најново

    Груевски до министерот за правда: Наместо екстрадиција, истражете го политичкиот прогон на Заев

    03.05.2026 во 21:10

    Тепачка во Кисела Вода: Скопјанец нападнат од познаник, па тепан со кундак од пиштол

    03.05.2026 во 16:07

    Инцидент на фудбалски натпревар во Гостивар: Кумановец паднал од трибините

    03.05.2026 во 15:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Груевски до министерот за правда: Наместо екстрадиција, истражете го политичкиот прогон на Заев
    • Тепачка во Кисела Вода: Скопјанец нападнат од познаник, па тепан со кундак од пиштол
    • Инцидент на фудбалски натпревар во Гостивар: Кумановец паднал од трибините
    • Вучиќ: Јавниот интерес и односот кон народот се приоритет
    • Скопјанец со „фолксваген“ удри во пешак кај село Извор, повредениот итно пренесен во Скопје
    • Апсења во Скопје: Приведени петмина Македонци и еден Србин
    • Масовна тепачка пред угостителски објект во Скопје
    • Инцидент во тетовско: Нападнал сожител со нож и секира додека се враќал со трактор од нива
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Груевски до министерот за правда: Наместо екстрадиција, истражете го политичкиот прогон на Заев

    Груевски до министерот за правда: Наместо екстрадиција, истражете го политичкиот прогон на Заев

    03.05.2026 во 21:106 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалните мрежи упати порака до актуелниот министер за правда, реагирајќи на неговите најави за собирање информации од судовите и подготовка на нова постапка за екстрадиција од Унгарија.

    „Го слушнав денеска излагањето на министерот за правда на Македонија, објаснувајќи на медиумите и јавноста како ревносно собирал информации од судовите и како ја чекал новата власт во Унгарија за да се информирал за промената на мојот и статус тука и да започнал постапка за екстрадиција.

    Го гледам, и се прашувам кој е на власт во Македонија?! Гледајќи од страна, воопшто не личи дека СДСМ на криминалецот Заев со неговата омрза и валкани методи си заминала од власт.

    Му предлагам на министерот исто толку ревносно да ги истражи злоупотребите и незаконските постапки при политичкиот прогон во годините на Заев, монтираните судски постапки и неправдите што ги направи за да може полесно да владее.

    Му предлагам да собере информации како беа доставувани списоци од кабинетот на Заев за тоа кој треба да биде гонет за да се направи дека е криминалец и да се острани од политиката, а кој за да биде уценет и лажно да сведочи против други.

    Да собере информации за еден куп сведоци или обвинети, кои со разни недозволени и незаконски уцени и закани беа приморувани да даваат лажни изјави и сведоштва.

    Да собере информации од адвокатите на обвинетите со што се соочуваа тие, та некои од нив заради тешки притисоци и закани мораа да се повлечат од улогата на бранители, други се замолкнуваа, а трети не можеа да поверуваат што се случува во судниците.

    Да ги прочита обвиненијата, т.н. божемни “докази”, да ги прочита пресудите и да види колку од нив се донесени со лажни претпоставки, заради притисокот што во тоа време го имаа судиите од апаратот на Заев и СЈО за кој веќе секојдневно излегуваат сведочења во медиумите, а министерот делува како да не ги видел.

    Да види какви пресуди се носени за набавка на блиндирана кола каде сум обвинет дека сум виновен бидејки сум извршил влијание да се набави, за да остварам корист, а користа да ти била тоа што неколку пати ме превезувале со таа кола.

    Да види како тоа сум набавил плацови а никому ниту сум дал пари, ниту сум побарал од него тоа да го направи во мое име, ниту пак фирмата која ги купила има било каква поврзаност со мене.

    Да види како сум сум купил два стана кога сопственикот потпишал договор со мене да ми ги изнајмува, а неговиот директор кој божем ги купил за мене, кажува дека ги платил со свои пари, никогаш не земал од мене пари и дека никогаш не сум побарал ништо од него во животот ниту сме ја отвориле темата за становите иако сме сме среќавале службено.

    Да прочита како тоа ме осудиле за насилство за наводни шамари, кои никогаш никој никому не ги удрил, после “крунското” сведочењето на сите советници на СДСМ во општината Центар чии главен адут беше дека го чуствувале мојот дух во протестите пред бараките на општината, и како судијата одби да ги сослуша сите сведоци предложени од мене, вкупно на број три.

    Да види како се суди поранешен премиер затоа што сакал автопатот Кичево-Охрид да биде завршен порано, пред следните избори, затоа што сакал така да добие повеќе поени пред гласачите.

    Да спореди како се финасирале сите партии, и да спореди дали имало некаква разлика во финасирање на ВМРО-ДМПНЕ.

    Тивко и дискретно да си ги праша судиите да му кажат како доаѓале нарачките за пресуди од кабинетот на тогашниот премиер и што ги чекало ако пресудат поинаку, демонстрирани преку разрешувањето на судијата во предметот за патиштата кој штом постапи законски беше разрешен од судија за сите други да ја примат пораката.

    И да не се чуди кога странски министри, премиери или новинари ќе ме нарекуваат криминалец. Луѓето веројатно не можат дури ни во најлуда фантазија да замислат зошто и како сум осуден, заради што тие ме нарекуваат криминалец.

    Тие не се запознаени, ниту се должни да се запознаени со деталите на судските предмети и дека имаше реален и валкан монтиран прогон со политички мотиви, но министерот за правда на Македонија може да се запознае со деталите и да ги запознае кога ќе комуницира со нив.

    Тие странски политичари, премиери, министри, новинари и слично, знаат дека има пресуди и само ја следеле реториката која со години ја имаше поранешната власт предводена од СДСМ и не се должни да проучуваат судски предмети, особено не кога ни новата власт, односно актуелниот министер не се труди да проучи и да објасни во какви околности, со каква политичка хајка и со какви неправди и незаконитости тогашната власт се пресметуваше со нестомислениците, во месеците кога се подготвуваше смената на уставот заради смена на уставното име и се прифати со посебен договор од историската комисија со источниот сосед да зависи дали и кога Македонија ќе стане член на ЕУ.

    Треба да се погледне директно во очи на историската вистина на случувањата во Макеоднија во тој период ако министерот сака да има професионален однос и да се дистанцира од злоделата и криминалите на тогашниот премиер Заев, кој денес слободен како паун се шета низ Македонија.

    Доколку не сака да чита, има и за гледање. Нека ги погледне интервјуата на поранешната обвинителка на СЈО Лејла Кадриу која раскажува како СЈО било како штаб на СДСМ и како ги затекнувала Заев и Шеќеринска таму.

    Како еден од обвинителите излегувал од состаноци да прашува во СДСМ како да постапуваат по предметите пред да ги извести другите обвинители какво треба да е нивното мислење итн, или нека го погледне интервјуто со членот на врховниот суд Ристо Катавеновски, разрешен од судија затоа што одбил да спроведе наредба за потврдување на предметот “Тенк”, за кое имало таква нарачка од Премиерот.

    Еден ден, се ова ќе допре и до ЕУ. Таа парадија на правосудниот систем на Макеоднија ќе се погледне од вистинскиот агол.

    Ако министерот не сака да стане дел од еден голема валкана игра од минатото, собирајќи ги предметите од судот за мене, не зависно што тогаш бил член ан СДСМ, нека се потруди и нека ги провери и овие работи, па потоа нека дејствува како што е праведно и воден од својата совест и законите“, стои во пораката од Груевски.

    Прочитај повеќе

    Манасиевски: СДС и Филипче се проевропски само на зборови, а пријатели им се проруски бизнисмени

    03.05.2026 во 11:58

    Кузеска: 700 милиони евра нов долг за три месеци, Владата ја турка државата во финансиска бездна

    03.05.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.