- Драма во Македонија: Пензионер ја истепал сопругата – Итно пренесена во болница
- Муцунски од Истанбул: Повеќе инвестиции и нови партнерства се приоритет
- МВР: Извршен претрес, едно лице приведено
- Го фатиле како подметнува пожар – МВР со детали
- Почна пријавувањето за упис во средните училишта – Над 25.000 слободни места
- Почнува построга борба против пушењето – Алиу вели здравјето нема цена
- МФ: Се предвидува укинување на исплатите во готовина кај финансиските друштва
- Пекинг предупредува: Странски служби шпионираат со морски животни опремени со сензори
Author: Author 04
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави нов фронт на СДСМ за борба против корупцијата.Овој фронт како што кажа Филипче, подразбира две крупни иницијативи, кои означуваат нова етапа со борбата со криминалот, корупцијата, криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ. Првата иницијатива се однесува на повикот до европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, бидејќи како што кажа Филипче, не може да се има доверба во институциите на власта коишто се се заштитници на криминалот. „СДСМ ја повикува европската обвинителка Лаура Ковеши да ја посети Македонија, лично да се запознае со малверзациите кои ВМРО-ДПМНЕ ги прави…
СДС со ново соопштение, покажува дека се плаши од соочување со народот. Доколку СДС смета дека се подготвени и дека ја имаат поддршката од народот за избори, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Доколку СДС смета дека анкетите во кои тие се 4-5 партија во Македонија, не се точни и дека имаа поголема доверба од народот, нека повелат уште утре нека поднесат барање за предвремени парламентарни избори. Во тотална безидејност, со лоши соопштенија кои вештачка интелигенција им ги пишува, бидејќи очигледно вистинска интелигенција и да немаат на Бихачка, тонат…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Виена учествуваше на состанокот на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“, одржан на покана на австриската министерка за европска и меѓународна политика, Беате Мајнл-Рајзингер. На состанокот учествуваа министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ кои се дел од групата „Пријатели на Западен Балкан“ – Австрија, Чешка, Грција, Италија, Словачка, Словенија и Хрватска – министрите за надворешни работи на земјите од регионот, како и високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Состанокот беше поделен во две тематски целини: работна сесија посветена на…
Јужната команда на САД (SOUTHCOM) синоќа соопшти дека американската војска извршила напад врз уште еден наводен брод за шверц на дрога во источниот Пацифик, при што загинале четири лица од бродот, пренесе ДПА. Според SOUTHCOM, бродот наводно бил управуван од „назначена терористичка организација“ и пренесувал наркотици по добро позната рута за шверц. „Четири машки наркотерористи на бродот беа убиени,“ објави SOUTHCOM на социјалната мрежа X. Германската агенција ДПА потсетува дека американските сили во изминатите неколку месеци извршија слични напади врз бродови во Карибите и Пацификот, кои биле наводно полни со дрога, но честопати без јавно да презентираат докази за да…
По трагичната пукотница што се случи во четврток, 4 декември, во вечерните часови во населбата Ситнице, денес беше потврдено дека една од жртвите, 28-годишна жена, починала од повредите. Нејзината 29-годишна сестра исто така беше тешко повредена во нападот од 40-годишен маж. Полицијата сè уште интензивно трага по сторителот. Тешката ситуација во Ситнице ја коментираше Милорад Михановиќ, градски советник во Мурско Средишќе, кој беше лично поврзан со жртвите, објавува еМеѓимурје. Апел за предавање на нелегалното оружје Огорчен и лут поради трагедијата, Михановиќ упати силен апел до сите граѓани, без оглед на националноста: Полицијата интензивно го бара сторителот, маж од Пишкоровац, кој…
На аеродром во Бразил се случи голем инцидент, кога авион наводно се запалил на пистата. Според медиумските извештаи, Ербас А320, управуван од LATAM, штотуку слетал кога кабината одеднаш се наполнила со чад, а патниците низ прозорците виделе пламен под крилата. Веднаш започнала итна евакуација на сите 180 лица. Патниците се спуштиле по надуени рампи и во паника трчале низ пистата. Снимките што кружат на интернет го прикажуваат авионот во пламен, додека луѓето врескаат и бегаат од запалениот авион. Службите за итни случаи брзо реагирале и за среќа, немало повредени, но ситуацијата била исклучително опасна – пожар во целосно натоварен авион…
Поширокиот регион на Атина (Атика) се соочува со сериозни последици од невремето „Бајрон“, кое предизвика обилен дожд, поплавени улици и штети низ грчката метропола. Поради екстремните временски услови, со одлука на префектот, основните и средните училишта во Атика денеска остануваат затворени. Невремето со грмотевици започна вчера во попладневните часови, траеше во текот на ноќта и продолжува и денеска. Противпожарната служба на Грција до 6 часот утрово примила вкупно 290 повици за помош само во областа Атика. Интервенирано е во 90 испумпувања на вода, 27 сечења на дрвја и 12 пренесувања на лица на безбедни локации. Префектот на Атика, Никос Хардаљас,…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода) – во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик. Пријавената, на 01.06.2023 набавила фалсификуван тест за познавање на аглиски јазик од Бугарија и на 29.06.2023 го доставила во прилог на документите по јавниот оглас за избор на директор на средното училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево. Врз основа на приложените документи, комисијата констатирала дека Д.Ц. ги исполнува условите предвидени во јавниот оглас, а по изготвениот записник бил доставен предлог до градоначалникот на општина Делчево таа…
Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата „Анализа“ на 24 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетна комисија која како што вели, е формирана да ги разгледа сите трагедии. Тој истакна дека комисијата ќе трае 45 дена и дополнителни 30 за изготвување извештај, при што секое релевантно лице ќе може да биде предложено и сослушано. „Сметавме дека треба да се даде шанса при таква една Анкетна комисија, да се разговара за сите 138 жртви за сите оние трагедии кои што се случија, затоа што сметавме дека на таков начин сите треба да ги изведеме…
