Author: Author 04

Во текот на минатата недела, царински службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, пришто привремено се задржани: -27 штеки цигари со македонски акцизни маркички од марките Marlboro и Rothmans, откриени се на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на куфер на патничка која имала намера да отпатува со лет за Лондон. -Употребуван мотор за возило MITSSUBISHI PAJERO 1994 е пронајден во багажникот на автомобил при влез во државата на граничниот премин Ново Село. -На граничниот премин Св.Наум на влез во државата запленети се 75 пакетчиња и 123 ленти различни видови лекови (Amaryl 2 mg, Anafranil 25 mg, Procto Synalar-N 15…

Повеќе

Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга на Коридор 10 со кои се обврзуваме да воспоставиме брз транспорт, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски по средбите во Брисел со претставници од ЕУ и министрите за транспорт од регионот на Министерскиот совет. Тој најави дека на иницијатива на Австрија ќе се потпише и Договор за доизградба на Коридор 8. “ Она што очекував дека ќе се случи се случува, а тоа е дека ќе потпишеме заедничка декларација Грција, Македонија, Србија, Унгарија и Австрија за изградба на железнички коридор 10, нешто…

Повеќе

ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија. Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на aлбанското знаме, што на 28.11.2025 се одржувал на улицата „Маршал Тито“ во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината, ниту на дел од кејот на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го поставиле државното знаме на Р.С. Македонија, што според закон биле обврзани да го направат.

Повеќе

Вчера во 13:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода К.О.М.(26) од Полска затоа што при гранична контрола и проверки во патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки, со кое допатувал, пронајдени и одземени се картонски кутии во кои имало печурки-габи со психотропно дејство, известија од МВР.  Тој е предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.Б.(40) од с.Габревци, В.Р.(52) од с.Ракитец, Љ.М.(64) од с.Долни Липовиќ, Г.Р.(71) од с.Ракитец, М.М.(67) од с.Ракитец, В.Н.(71) од с.Долни Липовиќ, В.И.(48) од с.Ракитец, С.Р.(33) од с.Ракитец, Г.К.(51) од с.Дедино, М.Д.(50) од с.Габревци и Ј.Б.(47) од с.Габревци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“. На 10.11.2025, пријавените без да поседуваат дневна дозвола за ловење на дивеч во ловиште и во ден понеделник, кој со одлука на Управниот одбор на Здружение ловечко и риболовно друштво „Студенец“ од Конче не е одреден како ден за лов, отишле на лов на диви свињи во…

Повеќе

Вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, Ж.Ц.(34) од Скопје пријави дека околу 18:00 часот на подрачјето на Карпош, три лица откако го испрскале со пепер спреј, физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од Скопје пријави дека на 25.11.2025 околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, нивната 15-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.К.(43) од Скопје, кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143  од Кривичниот законик. Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.

Повеќе

Вчера во 15:38 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот во с.Огњанци, скопско, е пронајден починат Р.О.(19). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, информираа од полицијата.

Повеќе

Поради најавена реконструкција на пругата на делницата Скопје – Зелениково, од 11 декември 2025 година до 10 јуни 2026 година, Железници на Северна Македонија – Транспорт АД-Скопје информира дека нема да сообраќаат повеќе патнички возови. Одлуката за прекин на сообраќајот опфаќа седум возни линии кои се користат на релации кон Велес и Битола.- Нема да сообраќаат следниве возови: возот број 601 на релација Скопје – Велес, со време на тргнување во 8:00 часот, возот број 2081 на релација Скопје – Велес со време на тргнување во 13:20 часот, возот број 643 на релација Скопје – Битола, со време на тргнување…

Повеќе