- Спасовски: Владата нема план за ЕУ, Мицкоски две години ја замајува јавноста
- Пијан правел хаос во Свети Николе: Приведен маж, дивеел на улица, па се заканувал на полицајци во станица
- Приведени двајца камионџии на Деве Баир
- Тешко повреден малолетник, со мопед изгубил контрола и излетал од патот Берово-Делчево
- Приведена струмичанка – ја натепала снаата и внукот
- Перински во Кисела Вода: Одобрени се над 528 милиони денари за 24 капитални проекти
- Се заканувал со остар предмет на син и мајка, претепани сопруги и кршен инвентар – Приведени петмина насилници
- Мицкоски ги покани турските инвеститори да станат дел од развојната приказна на Македонија
Author: Author 04
Министерството за внатрешни работи, апелира до граѓаните за време на Новогодишните празници максимално да се воздржат од употребата на пиротехнички средства. Петардите не се играчка, нивното користење е строго забрането, а празничното пукање со петарди може да биде исклучително опасно по животот и здравјето, оставајќи екстремно тешки последици кои можат да го запечатат животот на младиот човек. Петардите се опасни и штетни. Aктивностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против пиротехниката се континуирани, со засилена динамика пред и околу празниците, имајќи го предвид сезонскиот предзнак на пиротехниката, сѐ со цел да ја зголемиме свесноста кај младите, но и кај…
Вчера во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.З.(29) и М.Н.(60), двајцата од Скопје. По наредба на Основен кривичен суд Скопје извршени се претреси во нивните домови, при што во домот на Д.З. се пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис и дигитална вага. Додека, од М.Н. е одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска на свечена церемонија ќе го одликува командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт, со Орден за воени заслуги. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, одликувањето се доделува за „неговиот особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка“. Оваа соработка резултираше со бројни активности за зајакнување на капацитетите и за зголемување на борбената готовност на Армијата. Генерал-мајор Најт е во официјална посета на државата која ќе трае до 11 декември. По пречекот со високи воени почести, генералот Најт ќе оствари средби со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски,…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. Средбата се одржа во присуство на министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорката на САД, Анџела Агелер, и генерал-мајор Сашко Лафчиски. Мицкоски во својата објава на Фејсбук посочи дека главна тема на разговорот било „продлабочување на соработката меѓу нашите институции“. „Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети,“ напиша Мицкоски. Истиот ден, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на свечена церемонија ќе…
Грчките земјоделци продолжуваат со масовните протести, поставувајќи над 50 блокади низ целата земја, вклучувајќи ги и сите гранични премини кон Македонија, Бугарија и Турција. Најсериозен инцидент е забележан на островот Крит, каде аеродромот во Ираклио беше затворен до рано утрово поради упад на демонстранти, јави дописничката на МИА од Атина. На Крит, ситуацијата ескалираше. Во градот Ираклио, земјоделците се судрија со полицијата на патот кон аеродромот, го пробија полицискиот кордон и упаднаа на пистата. Аеродромот беше затворен од доцна синоќа до рано утрово, со откажани летови. Инциденти во обид да стигнат до аеродромот имаше и во Ханија. Протестите, кои започнаа…
Народот бара правда, а што прави ВМРО-ДПМНЕ?, прашува СДСМ. „Го нарекува народот куче! СДСМ веќе десет дена очекува реакции од ДКСК и Обвинителството. На прашањата што ги постави, од ВМРО-ДПМНЕ пристигна следниот одговор: „куче што лае, ама не каса“ Многу е важно оваа порака да се прочита „меѓу редови“. ВМРО-ДПМНЕ сака да порача дека на тоа „куче“ му ги извадиле забите. Дека сите полуги на моќ се во нивни раце. Тоа е пораката: Наше е судството, наше е обвинителството, наша е полицијата. Сè е наше, ништо не можете. Никој од нас нема да одговара а ќе правиме што сакаме! Но, бидејќи народот е…
Општина Центар стави на располагање електронски Анкетен прашалник преку кој граѓаните директно може да се вклучат во процесот на креирање на Буџетот за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува жителите активно да ги доставуваат своите предлози и да укажат на потребите во своите маала. „Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник и сериозно да се вклучат во креирање на буџетот за следната 2026 година. Вие сте најголемиот коректор и вашите барања се најзначајни. Јас сум овде да ги проследам сите ваши предлози, а заедно со секторите да ги оцениме приоритетните кои веднаш ќе влезат во програмите“,…
Во тест фазата намерно не се применува толеранција, затоа што мора да ја потврдиме техничката прецизност и стабилност на системот, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервјуто за Прес 24. Посочува дека од досегашнито тест период се анализираат сите аспекти за да се добие функционален систем. Во пракса сепак ќе има одредена толеранцијаво бројката на пречекорена брзина.-Толеранциите ќе бидат уредени при почетокот на редовната примена, согласно европските стандарди и технички насоки и секако во интерес на граѓаните. Но да ја задржиме суштината, генералната цел на овој проект не е казнување на минимални надминувања, туку на казнување на оние…
Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ (EasyJet) од следната година воведува нова сезонска авиолинија која директно ќе ги поврзува Скопје и Бодрум, пренесува авијацискиот портал „Екс ју авиејшн“. Летовите на релација Скопје – Бодрум ќе започнат од 2 јули и ќе се реализираат еднаш неделно, секој четврток. „Изиџет“ истовремено воведува сезонски лет и до Сараево, кој ќе стартува од 28 јуни, со реализација секоја недела. Инаку, ова не е првпат „Изиџет“ да ги опслужува овие дестинации. Авиокомпанијата во минатото, заедно со „Анадолуџет“, веќе имала летови до Скопје (од 2022 до 2024 година) и до Сараево (од 2021 до 2024 година).
Ноќеска во 02:23 часот е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на земјата. Според податоците од апликацијата за сеизмичка активност, земјотресот бил со јачина од 2,0 степени по Рихтер и длабочина од 15 километри. Епицентарот бил лоциран во регионот помеѓу Кичево и селата кон Мавровскиот предел, на координати 41.394°N и 20.872°E, оддалечен околу 80 километри од прикажаната референтна точка. Засега нема пријавени материјални оштетувања или други последици.
