- Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари
- Град Скопје: Започна уредувањето на паркот „Македонија“, се поставува нова урбана опрема
- Проект „Градски воз“: Со воз од Маџари до центар се патува за 5 минути
- Драстичен температурен шок во Македонија: Температурата падна за 13 степени за само 24 часа
- Позната здравствената состојба на повредениот сопственик на опожарената викендица во Штип
- Спасовски: Владата нема план за ЕУ, Мицкоски две години ја замајува јавноста
- Пијан правел хаос во Свети Николе: Приведен маж, дивеел на улица, па се заканувал на полицајци во станица
- Приведени двајца камионџии на Деве Баир
Author: Author 04
Вчера во 12:29 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 10 часот, во домот на Д.Б.(82) од Охрид едно лице влегло и со употреба на физичка сила, му го одзел паричникот со пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 20:55 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека на улицата.„Сирма Војвода“ во Охрид бил пронајден починат С.Н.(57). Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на Судска медицина за обдукција.
Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи интервјуто за „Политико“, по повод неговото прогласување за највлијателна личност која ја обликува Европа, да ја претстави својата радикално поинаква визија за геополитиката. Трамп упати остри критики кон европските лидери и нивната политика кон војната во Украина, миграцијата и НАТО, испраќајќи директни пораки до Москва, Киев и Брисел. Трамп отворено тврди дека Русија е во „посилна преговарачка позиција“ поради нејзината големина и актуелната состојба на теренот. Тој повтори дека војната „никогаш не требаше да се случи“ и дека тој би ја спречил доколку бил претседател. Трамп ја повтори и својата контроверзна теза дека конфликтот…
По воведувањето стипендии за средношколци, Министерството за образование и наука (МОН) оваа година за првпат ќе додели стипендии за студенти на втор и трет циклус на студии по македонски јазик. Конкурсите се веќе објавени. Доделени стипендии: Циклус на студииМесечен износВреметраењеВтор циклус (Магистерски)9.000 денари9 месециТрет циклус (Докторски)18.000 денари12 месеци Услови за аплицирање (за двата циклуса): Кандидатите мора да бидат државјани на Македонија, да имаат просечен успех од најмалку 8,00 од претходниот циклус на студии, да се запишани на акредитирана програма по македонски јазик за првпат во академската 2025/2026 година и да не користат стипендија од друг давател. За кандидатите за трет…
Во текот на изминатата година, 67 новинари го загубиле животот при извршување на својата работа, при што повеќето од нив станале жртви на војни или криминални мрежи, соопшти меѓународната организација „Репортери без граници“ (Reporters Without Borders). Бројот на убиени новинари е сличен на оној од претходниот период. Најопасни жаришта: Извршната директорка на организацијата во Германија, Ања Остерхаус, предупреди дека нападот врз новинарите е напад врз правото на граѓаните да бидат информирани, нагласувајќи: „Кога оние што прават критични репортажи мора да се плашат за својата слобода или дури и за својот живот, демократијата низ светот е загрозена.“ Според извештајот, во моментов…
Во СВР Велес вчера во 12:35 часот било пријавено дека во помошна просторија од неговиот дом во Велес бил пронајден починат 70 – годишниот велешанец П.Т. Како што информираа попладнево од СВР Велес, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
„Стојам денеска пред вас со длабока тага и искрено сочувство за ненадминливата болка која не верувам дека може да се искаже со зборови. Сакам да нагласам колку длабоко сите не погоди оваа ужасна и незамислива трагедија“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска на денешната седница бр. 5 на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Василевска истакна дека, како професор по право, искусна пратеничка, но пред сè како мајка, сестра и пријателка, чувствува обврска да укаже на сериозноста на ситуацијата во која претседавачот на комисијата ја доведува јавноста и се обрати директно на претседавачот Апасиев:…
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово поднесе кривична пријава против К.Е.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 23.10.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.
ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против К.Т.(26) од с.Дебреште, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,вршење на jавен превоз без поседување на лиценца”. На 23.09.2025 на регионалниот пат с.Суводол-Скопје, атар на с.Суводол, полициски службеници извршиле контрола на товарно возило „ман“, управувано од пријавениот, при што е констатирано дека не поседувал возачка дозвола, ниту лиценца за вршење јавен превоз.
Автомобил излетал кај клучка Илинден: Петмина скопјани повредени, едно лице со тешки телесни повреди
Вчера околу 10:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, кај клучка Илинден, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.А., додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Ф.А., Е.А. и Н.А., сите од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
