Close Menu
Press24
    Најново

    Реченици што секое дете треба да ги чуе пред да наполни 10 години

    09.07.2026 во 23:40

    Едита откри како се чувствува и покажа како изгледа пред породувањето 

    09.07.2026 во 23:21

    Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: Приказната за Силјан со две номинации за најпрестижните ТВ награди

    09.07.2026 во 22:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Реченици што секое дете треба да ги чуе пред да наполни 10 години
    • Едита откри како се чувствува и покажа како изгледа пред породувањето 
    • Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: Приказната за Силјан со две номинации за најпрестижните ТВ награди
    • Вреди: Односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси
    • Зеленски: Украина се договори на политичко ниво со САД за производство на ракети „Патриот“ на нејзина територија
    • Приведени 4 лица: Се расправале, па се степале – еден пукал во воздух
    • Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
    • СДСМ: Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни, одложен и летот Виена-Охрид

    „Луфтханза“ ја прекинува линијата Франкфурт-Скопје во јуни, одложен и летот Виена-Охрид

    05.05.2026 во 10:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Германската авиокомпанија „Луфтханза“ донесе одлука за суспендирање на директната линија Франкфурт-Скопје во текот на целиот месец јуни. Истовремено, „Аустријан ерлајнс“ го одложи почетокот на новата авиолинија Виена-Охрид, што претставува нов бран промени во летниот распоред на оваа групација.

    Последниот директен лет од Франкфурт за Скопје е закажан за 31 мај. До средината на овој месец линијата ќе сообраќа секојдневно, а до крајот на мај бројот на летови ќе се зголеми на девет до десет неделно. Сепак, во текот на јуни нема да има директна поврзаност, а обновување на рутата се очекува од 1 јули, иако распоредот се уште не е официјално потврден.

    Од компанијата посочуваат дека патниците за Скопје ќе можат да патуваат преку Виена, каде што превозот ќе го преземе „Аустријан ерлајнс“, исто така членка на „Луфтханза груп“.

    Промени има и на аеродромот во Охрид. „Аустријан ерлајнс“ го одложи воведувањето на линијата од Виена, па наместо на 17 мај, првиот лет е планиран за 21 јуни. Оваа релација ќе биде активна до 18 октомври.

    Овие одлуки доаѓаат по турбулентен период за германскиот превозник, кој во април се соочи со штрајкови и затворање на подружницата „CityLine“. Само за јуни, „Луфтханза“ откажала 944 неделни летови низ својата европска мрежа.

    Прочитај повеќе

    Прв македонски филм номиниран за Emmy Awards: Приказната за Силјан со две номинации за најпрестижните ТВ награди

    09.07.2026 во 22:40

    Вреди: Односите со Албанија, институционалната комуникација и меѓуалбанската соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси

    09.07.2026 во 22:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.