Close Menu
Press24
    Најново

    Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“

    29.10.2026 во 17:35

    МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана

    29.10.2026 во 17:26

    Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција

    29.10.2026 во 17:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Затвореник на отсуство фатен со дрога во Градско: Вратен во затворот „Скопје“
    • МВР приведе шестмина возачи: Возеле без дозвола, под дејство на алкохол и со активна забрана
    • Штипјанец се обидел да измами полицајци – лажел дека ја изгубил возачката дозвола, а му била одземена во Грција
    • Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини
    • Мицкоски со нов предлог до студентите: Студентскиот оброк наместо 3.500 денари да вреди 4.500 денари
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новата британска амбасадорка Маја Сивањанам
    • Мицкоски: Шпекулациите за поскапа струја ќе паднат на 1 јануари
    • МВР: Уапсени поранешни и сегашни функционери од ФЗО за милионски малверзации – 11 лица кривично ќе се гонат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија го потресе светот: Експлодираше фабрика за пиротехника, најмалку 21 лице загина

    Трагедија го потресе светот: Експлодираше фабрика за пиротехника, најмалку 21 лице загина

    05.05.2026 во 09:581 Min Read
    ФОТО:Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Стравична експлозија во фабрика за пиротехника во кинеската покраина Хунан однесе најмалку 21 живот, додека 61 лице се повредени. Несреќата се случила во градот Чангша, во објектите на компанијата за огномет „Хуашенг“, пренесуваат државните медиуми „CCTV“ и „Синхуа“.

    Експлозијата се случила вчера попладне, а на терен веднаш биле испратени речиси 500 пожарникари, спасувачи и медицински персонал. Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат густ чад и целосно урнати згради, со остатоци расфрлани низ широка област во близина на фабриката.

    Поради сериозноста на инцидентот, веднаш реагираше и кинескиот претседател Кси Џинпинг.

    „Кси повика на брза истрага за да се утврди причината за експлозијата и одговорноста за инцидентот“, објави „Синхуа“.

    Инаку, Кина е најголемиот светски производител на пиротехника, со извоз кој минатата година достигна 1,14 милијарди долари, што претставува повеќе од две третини од глобалната продажба. Трагедии од овој тип во индустријата често покренуваат дебати за безбедносните стандарди во кинеските фабрики.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.