Author: Author 04

Во само девет дена, полициските службеници низ државата изрекоа повеќе од 6.000 казни за сообраќајни прекршоци. Засилените контроли, како што соопшти МВР, покажале дека најголем дел од возачите и понатаму ја потценуваат брзината дури 1.573 возеле побрзо од дозволеното. Полицијата морала да интервенира и со приведување. Согласно член 297-а од Кривичниот законик, 44 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување. Меѓу нив, убедливо најбројни 33, се оние кои седнале зад волан под дејство на алкохол. Има и двајца кои возеле во забранет правец, како и девет возачи кои целосно ја игнорирале брзината во населени и ненаселени места. Контролите откриле…

Повеќе

Вчера (09.12.2025) во 14:45 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од скопско пријавил дека во септември годинава бил измамен од Б.Н. и Р.Н за сума од 74.000 денари. Како што се наведува во полицискиот билтен, според пријавеното, парите им ги дал да купат материјал од стовариште и да ги довршат градежните работи во неговата куќа, а откако дознал дека материјалот во стовариштето воопшто не е платен, а Б.Н. избегнувал контакт со него, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци и полициски службеници од Единица за службени кучиња, со судска наредба извршија претрес во домот и  помошни простории на А.К.(33) од село Марена, кавадаречко и во возилото кое го користел. При претресот во домот се пронајдени и одземени ловечка пушка, куршум за автоматска пушка и три иницијални каписли за индустриски чекан, кои ги поседувал без соодветна документација. Додека, во возилото е пронајдена и одземена бела грутчеста материја, соопштија од МВР во дневниот билтен.  Со А.К. е извршен службен разговор, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде…

Повеќе

Засилени инспекции од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) се насочени кон матичните гинеколози, при што се откриени неправилности во неиздавањето фискални сметки. Како што неофицијално дознава „Слободен печат“, ова доаѓа по мониторингот од невладините организации од октомври 2024 година, кој покажа дека на жените често им се наплатуваат бесплатни здравствени услуги, а притоа не им се издава фискална сметка. Проширени контроли на ФЗОМ: Фондот за здравство извршил инспекции и во други сектори, вклучувајќи: Резултатите од сите овие контроли се очекува да бидат објавени следната недела. Проблем на Онкологија: Директорот на ФЗОМ, Сашо…

Повеќе

Руски воен транспортен авион „Антонов Ан-22“ се урна денеска во северниот регион Иваново, соопшти руското Министерство за одбрана. Министерството информираше дека во авионот имало седум лица. Дневниот весник „Комерсант“ објави дека сите патници загинале во несреќата. Во моментов, во ненаселеното подрачје е во тек операција за пребарување и спасување. Министерството за одбрана соопшти дека авионот се урнал за време на редовен лет, откако претходно биле извршени поправки. Авионот „Антонов Ан-22“ е развиен во советската ера, во 1960-те години, и се користел за транспорт на голем воздушен товар и падобрански операции. Според медиумските извештаи, ова бил последниот авион од овој тип…

Повеќе

„Ова е навистина тешка дебата во којашто се мешаат разумот и емоциите, меѓутоа во моменти кога родителите собираат најголема сила за да учествуваат во дебатата, на нас не треба да ни биде тешко ништо. Треба да бидеме потрезени и поразумни во дебатата ако сакаме да допринесеме барем малку да се смени системот“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната дебата пред анкетната комисија за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Спасовски нагласи дека трагедијата ги погоди не само семејствата на жртвите, туку и целата заедница: „Загуба има и градот Кочани, државата, изгубени се цели генерации, не…

Повеќе

Владата го усвои предлогот за разрешување на актуелниот Републички јавен обвинител, Љупчо Коцевски, објави денеска на прес-конференција портпаролката Марија Митева. Како што објасни Митева, целта на овој потег е „јакнење на правната држава и непречено функционирање на органите на прогонот“. Владата, по добиено мислење од Советот на јавни обвинители, му предлага на Собранието да го разреши Коцевски поради следниве сериозни наводи:

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше својата политичка иднина, исклучувајќи го потегот за менување на Уставот за продолжување на претседателскиот мандат. На форумот во Белград, тој призна дека почнал да размислува за тоа кој би можел да го наследи, но посочи дека премиерската функција е сè уште опција. „Можам да бидам премиер, но за тоа ви е потребна јавна поддршка, а јас треба да ја донесам таа одлука… Но, јас сум уморен и исцрпен, и би сакал некој друг да ја заврши таа работа во иднина“, изјави Вучиќ. Тој ги советуваше своите соработници секогаш да бидат претпазливи и да не…

Повеќе

Сообраќајот на граничниот премин ,,Богородица” кон Грција е нормализиран од 15:00 часот. Досега беше затворен поради протестот од грчките земјоделци. Сообраќајот на ГП премин Дојран беше отворен за сите видови возила, додека на ГП Меџитлија беше отворен само за патнички моторни возила.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски ја демантираше опозицијата, која, како што рече, се обидувала да креира „лажна слика“ дека тој и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да се појават на Анкетната расправа поврзана со трагичниот настан. „Видовте дека сите бевме присутни и Претседателката дојде исто така да биде дел од Анкетната расправа, претседателот на Собранието, јас лично. Така што, тука бевме да слушаме… сите тие лаги им се распрснуваат во рака како обична лага, а вистината е сосема поинаква“, истакна Мицкоски. Тој посочи дека го слушнале зборот на родителите, како и дискусиите на организациите како „Супорт Кочани“ и „Кој е следен“. На…

Повеќе