Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поскапеа кафеаните

    Поскапеа кафеаните

    06.05.2026 во 15:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на угостителските услуги во Македонија продолжуваат да растат, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според официјалната анализа, на годишно ниво е регистрирано зголемување од околу 3,4 проценти во овој сектор.

    Во јануари 2026 година, во споредба со истиот месец лани, цените во рестораните, кафулињата и хотелите се значително повисоки. На месечно ниво, растот е поумерен и изнесува 0,2 проценти.

    Овој тренд на поскапување се поврзува со зголемените трошоци за суровини, енергија, но и со состојбата на пазарот на труд. Во јавноста често се цитира реченицата која ја отсликува промената кај работната сила:

    „Порано газдите им велеа на работниците „ако не сакаш ти, има друго дете“. Денес „други деца нема“.

    Најголемо влијание врз растот на цените во јануари имале храната и алкохолните пијалаци, со месечен пораст од 0,3 и 0,2 проценти. Кај ноќевањата и безалкохолните пијалаци не се забележани позначајни промени.

    Анализата на Државниот завод за статистика покажува дека во текот на целата 2025 година, цените во угостителството пораснале за 4,8 проценти во однос на претходната година.

    Економските проценки укажуваат дека доколку инфлациските притисоци опстојат, трендот на поскапување би можел да продолжи, што дополнително ќе го оптовари домашниот буџет на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Од понеделник нови броеви на банкарските сметки на сите граѓани – се што треба да знаете

    28.10.2026 во 10:41

    Лоши вести: Цената на нафтата расте

    28.10.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.