- Историски рекорд: Илон Маск стана првиот човек во светот со богатство над еден билион долари
- МП и МЖСПП потпишаа меморандум со Франција за еколошка и климатска правда
- Виничанец заработи кривична: Прекршил три судски забрани и се заканувал на сопругата и нејзините родители
- Падна Фејсбук: Корисниците пријавуваат сериозни проблеми, апликацијата не се вчитува
- Македонец уапсен во Албанија
- Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори
- Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари
- Град Скопје: Започна уредувањето на паркот „Македонија“, се поставува нова урбана опрема
Author: Author 04
По повод Меѓународниот ден на човековите права, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Свечената седница на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Таа укажа дека 10 декември е симбол на современата култура на човекови права, без чие почитување нема правна држава, ниту демократија. За неа, парадоксален е расчекорот меѓу огромниот број правни документи и институции, од една страна, и алармантниот пораст на конфликти, бегалци и нови форми на прекршување на правата како дигитално надгледување и алгоритамска дискриминација до климатски неправди што директно го засегаат правото на живот, здравје и достоинство, од друга. Според неа, климатската криза и современите војни ја разголуваат ранливоста и неефикасноста на…
„Овие таблици коишто се во боја прво беа тестирани на „Сејв Сити“ да видиме дали ги читаат камерите, од кога утврдивме дека ги читаат од тогаш почнавме со изработка на истите. До сега има над 3.000 возила коишто ги промениле таблиците, и оние коишто не ги промениле кога ќе дојде моментот на повторна регистрација на возилата, нема да им дадат никакви други таблици освен таблици во боја“, истакна Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на вечерашното гостување на Сител телевизија во Тема на денот. Томовски посочи дека СОЗР за време на изборната кампања не…
Мис Универзум Јамајка, Габриела Хенри, која минатиот месец падна од сцената за време на прелиминарната вечер на изборот „Мис Универзум“, сè уште е на лекување, а нејзиното семејство ги откри деталите за тешките повреди. Во изјавата, семејството наведува дека Хенри претрпела: „Таа веднаш беше примена на интензивна нега во Бангкок, каде што останува во критична состојба под постојан невролошки мониторинг и продолжува да бара 24-часовен специјалистички надзор“, соопшти семејството. Во наредните денови, Габриела Хенри се очекува да биде вратена во Јамајка, придружувана од специјализиран медицински тим, каде веднаш ќе биде префрлена во болница. Организацијата „Мис Универзум“ ги презеде сите трошоци…
Република Српска треба да донесе одлука за ограничување на употребата на социјалните медиуми за лица под 16 години и за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата, изјави претседателот на СНСД, Милорад Додик, повикувајќи ги сите општествени актери да предложат најдобри решенија. „Постојат сè повеќе докази дека прекумерната изложеност на социјалните медиуми го поткопува менталното здравје на децата, создава зависност, предизвикува социјална изолација, онлајн насилство, насилство меѓу врсниците, нарушувања на концентрацијата и сериозни развојни проблеми. Не можеме да ги гледаме децата како растат пред екрани, наместо во училници, семејства и заедници. Ако сакаме здрава и успешна младина, мора да…
Во денешната емисија „Тема на денот“ на Сител телевизија гостуваше Ивица Томовски, директор на СОЗР, каде остро реагираше за обвинувањата од страна на СДС за непотизам и коруптивни тендери. Тој истакна дека ова не е прв пат да биде обвинуван за афери кои не држат вода, нагласувајќи дека веќе се преземени правни чекори. „Не е ова прв пат да бидам обвинуван од СДС за разно разни афери коишто не држат вода и коишто се невистинити. За овој случај којшто деновиве е актуелен ветив дека ќе покренам тужба, уште во текот на утрешниот ден имам договорено состанок со адвокатите коишто ќе…
Бојковска: Рејтингот на СДС преку шпекулации, лажни обвинувања и погрешна стратегија нема да порасне
На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини“ вечерва гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која дискутираше за обвинувањата и шпекулациите од страна на опозицијата, за темата дека во Македонија ќе се отвораат мигрантски кампови. „Се работи за тотална лага којашто е изнесена од опозицијата, со наметнување на ваква тема којашто е апсолутно неточна, пробување за да се искреира некаква тема. Стигна демант и од премиерот на Република Македонија, стигна демант и од претседателката, стигна демант и од амбасадорот на Велика Британија, што е апсолутна потврда дека се работи за лажни тврдења“, истакна Бојковска. Бојковска посочи дека СДС…
Исланд нема да учествува на Евровизискиот натпревар за песна 2026 поради учеството на Израел, објави денес исландскиот јавен радиодифузен сервис RUV, додавајќи дека сè уште не е донесена одлука за емитување на натпреварот. „Од јавната дебата во земјата и реакцијата на одлуката на Европската радиодифузна унија (EBU) минатата недела, јасно е дека нема да има ниту радост ниту мир во врска со учеството на RUV на Евровизискиот натпревар“, се вели во соопштението. Исландскиот јавен радиодифузен сервис додаде дека сè уште не одлучил дали телевизиската станица ќе го емитува фестивалот. „Учеството на израелскиот национален радиодифузен сервис, Кан, на натпреварот создаде неединство…
Пејачот Осман Хаџиќ денес се појави во Шимановци, на снимањето на новогодишната програма на Пинк. Како што доликува на пригодата, Осман избра свечено одело, црно сако и бела кошула украсена со вратоврска-машна. Сепак, некои од неговите колеги не ја сфатија задачата толку сериозно, па дизајнерот одлучи да дојде во тренерка. Го замолија Осман да коментира за тоа. Потоа Осман беше замолен да ја сумира 2025 година, а тој откри дека била успешна на деловен план, но дека приватно изгубил некои блиски луѓе.
Советот на Град Скопје на денешната седница донесе одлука со која се овозможува еден стан во сопственост на градот да се претвори во безбеден, заштитен и привремен дом (шелтер-центар) за жртвите на семејно и родово базирано насилство. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека ова е силна порака: „Ниту една жена и ниту едно дете не смеат да останат сами во моментите кога им е најтешко. Град Скопје создава безбедно место кое ќе биде подадена рака, засолниште и нов почеток“. Што нуди новиот центар? Градските власти информираат дека просторот ќе обезбеди: Ѓорѓиевски нагласи дека ова е само почеток на приоритетните политики за…
Словенечката полиција објави дека крадци во градот Драгомер украле сеф од 300 килограми од приватен дом, но дека четворица од петте крадци се уапсени. Сторителите се словенечки државјани од Ново Место, на возраст од 22 до 29 години, соопшти полицијата во соопштението, додавајќи дека тоа се случило на 26 ноември, според порталот 24UR. Се додава дека сефот содржел неколку предмети со голема вредност, и дека крадците го деактивирале сензорското осветлување за време на грабежот и влегле во куќата низ прозорец на приземјето. Содржината на сефот наводно била испразнета, а сефот бил запален и оставен во шумата во близина на Вишња…
