Close Menu
Press24
    Најново

    ВЛЕН: Прашањата на Албанците не се решаваат со празни декларации, туку со конкретна работа

    18.05.2026 во 14:41

    Го фатија жив додека крадел во браварска работилница во Прилеп, 26-годишник заврши со лисици на рацете

    18.05.2026 во 14:35

    Пирц Мусар од Љубљана: Не е фер Македонија поради една земја членка да не може да отвори ниту едно поглавје

    18.05.2026 во 14:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВЛЕН: Прашањата на Албанците не се решаваат со празни декларации, туку со конкретна работа
    • Го фатија жив додека крадел во браварска работилница во Прилеп, 26-годишник заврши со лисици на рацете
    • Пирц Мусар од Љубљана: Не е фер Македонија поради една земја членка да не може да отвори ниту едно поглавје
    • Сиљановска-Давкова од Љубљана: Процесот на проширување на ЕУ да не се кочи со билатерализација врзана за идентитетски прашања
    • (ВИДЕО) Николова: СДСМ бара финансиска поддршка за учениците учесници на меѓународни натпревари
    • Филипче до Владата: Може цела Влада да биде со бугарски државјани, ама не може малцинствата во Уставот
    • Сали: Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик
    • Ужасна ноќ за тинејџерка од Скопје: Претепана и повредена со остар предмет пред дискотека
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија го одбележува Денот на македонскиот јазик: 81 година од усвојувањето на македонската азбука

    Македонија го одбележува Денот на македонскиот јазик: 81 година од усвојувањето на македонската азбука

    05.05.2026 во 09:131 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со серија настани и научни трибини, денеска во земјата се одбележува 5 Мај, Денот на македонскиот јазик. Празникот официјално се празнува од 2019 година, во чест на историското решение од 1945 година со кое македонската азбука стана официјално писмо.

    Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, додека првиот правопис беше озаконет два месеци подоцна, на 7 јуни 1945 година.

    Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ празникот ќе го одбележи со обраќања на директорката Елена Јованова-Грујовска, Кристина Николовска и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Во рамки на настанот, научниот советник Борче Арсов ќе го одржи излагањето „Од црти и рески до кирилицата: патот на македонското писмо“.

    На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе се одржи трибина посветена на состојбите во современиот јазик и неговата примена во правните акти, каде ќе учествуваат професори и експерти од повеќе институции.

    Собраниската Комисија за култура и туризам, пак, ќе го одбележи јубилејот 80 години од првата „Македонска граматика“ на Круме Кепески. Покрај пратениците, за важноста на ова дело ќе говорат и универзитетските професори Димитар Пандев, Васил Дрвошанов и Јованка Кепеска.

    Денешниот ден ќе биде одбележан и на ФИНКИ преку работилница за дигиталните јазични ресурси за македонскиот јазик.

    Прочитај повеќе

    ВЛЕН: Прашањата на Албанците не се решаваат со празни декларации, туку со конкретна работа

    18.05.2026 во 14:41

    Го фатија жив додека крадел во браварска работилница во Прилеп, 26-годишник заврши со лисици на рацете

    18.05.2026 во 14:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.