Author: Author 04

Народот бара правда, а што прави ВМРО-ДПМНЕ?, прашува СДСМ. „Го нарекува народот куче! СДСМ веќе десет дена очекува реакции од ДКСК и Обвинителството. На прашањата што ги постави, од ВМРО-ДПМНЕ пристигна следниот одговор: „куче што лае, ама не каса“ Многу е важно оваа порака да се прочита „меѓу редови“. ВМРО-ДПМНЕ сака да порача дека на тоа „куче“ му ги извадиле забите. Дека сите полуги на моќ се во нивни раце. Тоа е пораката: Наше е судството, наше е обвинителството, наша е полицијата. Сè е наше, ништо не можете. Никој од нас нема да одговара а ќе правиме што сакаме! Но, бидејќи народот е…

Повеќе

Општина Центар стави на располагање електронски Анкетен прашалник преку кој граѓаните директно може да се вклучат во процесот на креирање на Буџетот за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува жителите активно да ги доставуваат своите предлози и да укажат на потребите во своите маала. „Ги повикувам сите граѓани да ја искористат алатката Анкетен прашалник и сериозно да се вклучат во креирање на буџетот за следната 2026 година. Вие сте најголемиот коректор и вашите барања се најзначајни. Јас сум овде да ги проследам сите ваши предлози, а заедно со секторите да ги оцениме приоритетните кои веднаш ќе влезат во програмите“,…

Повеќе

Во тест фазата намерно не се применува толеранција, затоа што мора да ја потврдиме техничката прецизност и стабилност на системот, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во интервјуто за Прес 24. Посочува дека од досегашнито тест период се анализираат сите аспекти за да се добие функционален систем. Во пракса сепак ќе има одредена толеранцијаво бројката на пречекорена брзина.-Толеранциите ќе бидат уредени при почетокот на редовната примена, согласно европските стандарди и технички насоки и секако во интерес на граѓаните. Но да ја задржиме суштината, генералната цел на овој проект не е казнување на минимални надминувања, туку на казнување на оние…

Повеќе

Нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ (EasyJet) од следната година воведува нова сезонска авиолинија која директно ќе ги поврзува Скопје и Бодрум, пренесува авијацискиот портал „Екс ју авиејшн“. Летовите на релација Скопје – Бодрум ќе започнат од 2 јули и ќе се реализираат еднаш неделно, секој четврток. „Изиџет“ истовремено воведува сезонски лет и до Сараево, кој ќе стартува од 28 јуни, со реализација секоја недела. Инаку, ова не е првпат „Изиџет“ да ги опслужува овие дестинации. Авиокомпанијата во минатото, заедно со „Анадолуџет“, веќе имала летови до Скопје (од 2022 до 2024 година) и до Сараево (од 2021 до 2024 година).

Повеќе

Ноќеска во 02:23 часот е регистриран слаб земјотрес во западниот дел на земјата. Според податоците од апликацијата за сеизмичка активност, земјотресот бил со јачина од 2,0 степени по Рихтер и длабочина од 15 километри. Епицентарот бил лоциран во регионот помеѓу Кичево и селата кон Мавровскиот предел, на координати 41.394°N и 20.872°E, оддалечен околу 80 километри од прикажаната референтна точка. Засега нема пријавени материјални оштетувања или други последици.

Повеќе

Партијата СДС, која е синоним за криминал и корупција, луѓето кои ја уништија државата како Заев, Филипче, Ковачевски, Николовски и многу други да не ги набројуваме ќе ни треба цел ден, истиве преку пресови и соопштенија секојдневно вртат една иста тема, колку да кажат нешто, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Па еве по 100-ти пат да им објасниме. Мигранти од Велика Британија нема да има. Томовски нема приватна фирма, ниту пак удел во таа која ја споменуваат. Им порачуваме на СДС доколку имаат доказ (а немаат никаков бидејќи нема криминал), нека се обратат кај своите обвинители и судии како…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати. Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 33,963 (денари/килограм)

Повеќе

Два скандали, две објавени бомби од Антикорупцискиот тим на СДСМ чекаат соодветна институционална рекција од ДКСК и Јавното обвинителство, се наведува во соопштението од СДСМ. „Првата бомба, фирма со двајца вработени основата минатата година добива 9 милиони евра договори за тендери од владата на Мицкоски, објавена пред 10 дена. Втората бомба, семејна фирма на Томовски, го чисти Буџетот на граѓаните со 5,5 милиони евра. Бројот е негов, таткото е негов, зетот и внукот се негови, сè е негово. Класичен пример на судир на интереси. На крај, следејќи ја трагата на парите се потврдува дека Томовски е донатор во ДПМНЕ. Ете…

Повеќе

Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во македонското Собрание денеска закажа седница, на чиј дневен ред е претставката поднесена од Здружение на граѓани „16 март 2025 Кочани“, во јавноста познато како Здружение на родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во писмото на Здружението се посочува дека ова за нив не е политичка тема, туку борба за правда за нивните деца и спречување на идни вакви случаи. Во писмото се нагласува дека не сакаат ништо повеќе од она што Уставот и законите треба да го гарантираат: одговорност и почитување на човековите права и човечкиот живот,…

Повеќе

Корисниците на електрична енергија од одредени места во општините Студеничани и Сопиште денеска ќе бидат без напојување во период од осум часа. Прекинот е најавен од 08:00 до 16:00 часот, информираат од ЕВН Македонија. Прекинот ги опфаќа следните локации:

Повеќе