Полициски службеници од ОВР Кичево во текот на изминатите два дена лишија од слобода две лица поради сериозни сообраќајни прекршоци и безобѕирно управување возила.
На 01.05.2026 во 03:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, на улицата „Рудничка“ во Кичево, од слобода го лишија Т.Ќ.(18) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, и притоа констатирале дека немал положено возачки испит и немал право за управување моторно возило. По насоки од јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.
На 30.04.2026 во 00:50 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, од слобода го лишија С.А.(29) од гостиварското село Трново. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „смарт“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека истиот, немал положено возачки испит и немал право за управување моторно возило. По насоки од јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

