- Техеран и Вашингтон пред потпишување историски договор
- Facebook и Instagram повторно во функција
- Договорени дирекна авиолинија Анкара – Скопје
- Мицкоски: Голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија
- Трамп: Протечените информации за договорот со Иран не се точни
- Новиот план на Трамп: Ќе депортира мигранти од Иран во една од најсиромашните земји во светот
- 53-годишен гостиварец го нападнал синот, а се заканувал со остар предмет
- Голем дефект – падна фб
Author: Author 04
Главниот уредник на турскиот телевизиски канал „Хабертурк ТВ“, Мехмет Акиф Ерсој, е приведен во Истанбул како дел од обемна истрага насочена кон личности од медиумската и забавната индустрија, објавија турските медиуми. Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул издаде налози за апсење на осум лица под сомнение за купување, поседување или употреба на дроги или стимуланси за лична употреба, како и за обезбедување простор или можност за други да ги користат. Меѓу приведените се Мехмет Акиф Ерсој и Елиф Каланч, уредничката за меѓународни вести на истиот канал. Телевизијата „Хабертурк“ во кратко соопштение потврди дека Ерсој е приведен. Како одговор, тој…
Утрово околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Р.(30) од с.Орашје, општина Јегуновце. При претрес во неговиот дом во селото Орашје, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со две рамки со вкупно 22 куршуми калибар 7,62 милиметри, 78 куршуми непозната марка и калибар, марихуана, дробилка и дигитална вага. При претресот во неговиот дом е затекната И.Д.(34) од Сојузна Република Германија, која е привидена и задржана во полициска станица затоа што го пречекорила туристичкиот престој. Ф.Р. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него…
Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот криминал. Тој е социопатски случај на лажго и манипулатор, додека штетата од неговото работење ја плаќаат сите граѓани, рече на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Димната завеса за тоа се измислените теми, измислените напади и наводните скандали, рече Лефков.„Една таква тема е и темата со наводното населување на мигранти.На оваа тема се гледа лицемерието, грдото лице на Филипче и неговото манипулаторство и расипаност во политиката наложено од неговиот ментор Зоран Заев.Јасно е дека мигранти нема да…
ВМРО-ДПМНЕ го осудува синоќешниот упад во студиото на „Инфомакс“ и секој обид со сила да се загрози безбедноста на новинарите и медиумските работници. Ваквите инциденти се неприфатливи и претставуваат закана за основните демократски вредности кои треба да се заштитуваат и промовираат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Слободата на медиумите, правото на информирање и независната новинарска работа се темелни принципи за кои како партија отсекогаш сме се залагале. Без оглед на разликите во ставовите или уредувачките политики, секој медиум мора да работи во средина која гарантира безбедност, достоинство и почитување. Ја поздравуваме брзата и професионална интервенција на полицијата и очекуваме сите надлежни институции…
Општина Центар го организираше вториот буџетски форум, каде граѓаните активно учествуваа во дефинирањето на приоритетните проекти за 2026 година. Форумот се одржа во ООУ „Димитар Миладинов“ и помина во конструктивна дискусија со општинското раководство, администрацијата и советниците. Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека буџетот се гради транспарентно и отчетно, со директно слушање на заедницата. „Гласот на граѓаните и нивните потреби се важни. Тие најдобро знаат што недостига во нивните маала. Нашата работа е да го слушаме секој предлог и да го преточиме во реални проекти“, изјави Герасимовски, откако претходно презентираше дел од реализираното во 2025 година. На работните маси поделени по…
Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. ” Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија. Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите. Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот…
Утринската температура во земјава се спушти најмногу во Битола, каде се измерени -3 степени Целзиусови. Студено е и во останатите делови, каде -2°C се измерени во Скопје – Петровец, Берово и Струмица. Температура од -1°C има во Тетово, Демир Капија и Велес. Нулта степени (0°C) утрово бележат Скопје – Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Прилеп, Маврови Анови и Гевгелија. Најтопло е во повисоките места: 5°C во Крушево и 4°C на Попова Шапка. Денешниот ден ќе биде сончев и релативно топол, со мала до умерена локална облачност. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека претпладне наместа е можна појава на слаба магла. Ќе…
Грчките земјоделци продолжуваат со протестите, блокирајќи неколку гранични премини, вклучувајќи ги Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија. Сообраќајот на овие премини ќе биде во прекин неколку часа и денеска. На граничниот премин Евзони, блокадата се очекува да се одвива во два интервали: од 12 до 16 часот и повторно од 18 до 22 часот по локално време. Сообраќајот ќе биде целосно прекинат, со исклучок на камионите што превезуваат грчки производи. Преминот Ники ќе биде затворен четири часа, почнувајќи од 11 часот по локално време, според извештаите на грчката новинска агенција АНА-МПА. Земјоделски блокови со трактори се поставени и…
Бриселскиот портал „Политико“ го објави својот годишен избор на најмоќни луѓе во европската политика за 2025 година, со изненадувачки победник: американскиот претседател Доналд Трамп. Иако изборот традиционално вклучува само Европејци, „Политико“ направи исклучок, оценувајќи дека „никој не извршил поголемо влијание во или врз Европа оваа година од претседателот на САД“. Влијанието на Трамп врз Европа Според „Политико“, „сенката на Трамп се издига толку високо над европските престолнини“ што неговите одлуки или испади ги преобликуваат европските буџети за одбрана, трговската и внатрешната политика. Европа се соочува со непредвидлив доминантен партнер чии импулси можат да го претумбаат континентот преку ноќ. И покрај…
ОвенДенес добивате изненадувачка интуитивна насока, нешто како јасна внатрешна порака што ви покажува како да постапите во потешка ситуација. Овој блесок може да ве поведе кон разговор или одлука што долго ја одложувавте. Со влегувањето на Меркур во Стрелец, чувствувате како да се отвора пат кон поголема слобода и појасна визија. Ова е ден да мислите широко и да преземете брза, но паметна акција. БикМеркур и Нептун ви носат емотивна и интуитивна јасност околу однос или партнерска динамика. Може да почувствувате ненадејно олеснување или разбирање што ви недостасувало. Кога Меркур ќе влезе во Стрелец, почнувате повторно да ги гледате финансиските…
