Author: Author 04

Корисниците на електрична енергија од одредени места во општините Студеничани и Сопиште денеска ќе бидат без напојување во период од осум часа. Прекинот е најавен од 08:00 до 16:00 часот, информираат од ЕВН Македонија. Прекинот ги опфаќа следните локации:

Повеќе

Времето денеска ќе биде стабилно и суво, но граѓаните треба да бидат внимателни поради појавата на утринска магла во котлините, соопшти Државниот хидрометеоролошки завод. Во текот на денот ќе преовладува сончево и тивко време. Единствено во југоисточниот регион ќе биде присутен слаб до умерен северозападен ветер. Денешните температури покажуваат значителна разлика: минималните ќе се движат од -2 до 5 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 9 до 15 степени Целзиусови. Во Скопје, утринската магла претпладне ќе биде локализирана. Остатокот од денот ќе биде сончев со мала облачност и слаб северен ветер, при што минималната температура ќе биде 1,…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира за измерените врнежи од дожд во изминатите 9 часа, заклучно со 16 часот попладнево. Најмногу дожд наврнало во Демир Капија и Маврови Анови – по 16 литри на метар квадратен. Следуваат: Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе преовладува магловито време со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Утре (сабота) ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд. УХМР најавува дека врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови на земјата, каде локално може да надминат 40 литри на метар квадратен за 24 часа. Во утринските часови…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Б.Р.(26) и У.Р.(54), двајцата од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 26.07.2025 во Ресен, полициски службеници сопреле патничко возило „фиат“ без регистарски ознаки, управувано од Б.Р., кој одбил да се легитимира, го стартувал возилото и повредил еден полициски службеник. Подоцна, откако бил пронајден Б.Р., тој заедно со У.Р. физички и со тврди предмети нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Повеќе

Канцеларијата на Главниот обвинител во Истанбул денеска издаде наредба за апсење на 46 лица, вклучувајќи и 29 фудбалери, како дел од големата истрага за местење резултати на натпревари. Според соопштението на Обвинителството, постои сомнеж дека 27 од фудбалерите се обложувале на натпревари во кои настапувале нивните тимови. Меѓу осомничените е и Метехан Балтаџи, играч на актуелниот турски шампион Галатасарај. Обвинителството не го откри идентитетот на останатите 26 инволвирани фудбалери. Играчот на другиот истанбулски гигант, Фенербахче, Мерт Хакан Јандаш, е осомничен за обложување на разни натпревари преку трето лице. Обвинителството соопшти дека досега се уапсени 35 од 46 осомничени лица. Наредба…

Повеќе

Популарната пејачка Весна Змијанац денеска беше примена во Ургентниот центар, откако претходно побарала помош во приватна установа поради општа слабост. Пејачката за Блиц.рс проговори за својата состојба, уверувајќи ја јавноста дека е добро и дека наскоро ќе биде пуштена дома. „Добро сум. Морам да доаѓам на секои три месеци и да го добивам она што ми треба, не бев затоа што бев на пат, па дојдов сега. Само сум уморна, па ослабев, а потоа мојата состојба малку се влоши затоа што дојдов од пат“, рече таа. Змијанац потврди дека нема да остане во болница. „Сега ќе ме пуштат дома, не…

Повеќе

Вчера во 07:17 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, во делот кој се користи за живеење, Г.П.(61) од Куманово била нападната со остар предмет од Б.Т.(84) од Куманово. Според пријавеното, нејзиниот син Д.П.(38), кој бил во соседната соба, успеал да ја одбрани. Притоа, Г.П. и Б.Т. се здобиле со повреди и пренесени се во Општа болница Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово и на местото е пронајден остриот предмет. По излегување од болница, Б.П. ќе биде лишен од слобода и спроведен во полициска станица, а во координација со…

Повеќе

„Комплетното реновирање на КАРИЛ е во завршна фаза и во најскоро време очекуваме овој простор да биде пуштен во употреба за пациентите. Се финализира и реновирањето на хируршкиот оперативен блок, каде се опфатени четири операциони сали во прва фаза. Во втора фаза е предвидена и нова операциона сала во рамки на Ургентниот центар, со што оваа Клиника ќе добие уште една сала за помали интервенции“, истакна министерот за здравство, Азир Алиу по денешната обиколка на Клиниката за ТОАРИЛУЦ. На средбата со директорот на Клиниката, д-р Игор Мерџаноски беа разгледани можностите за набавка на нова најсовремена медицинска опрема наменета за КАРИЛ…

Повеќе

Во рамки на работната посета на Виена, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со компаниите, членки на Здружението на индустријалци. Во своето обраќање пред претставниците на приватниот сектор, министерот Муцунски ги информираше австриските бизнисмени за новите можности за економска соработка, економските и трговските политики на Владата, како и за мерките насочени кон привлекување странски инвестиции. На средбата се дискутираше за можностите за продлабочување на соработката во делот на инфраструктура, енергетика, дигитализација и технолошки иновации, со цел зголемување на трговската размена и инвестициите.

Повеќе

Грчките земјоделци денеска околу 14 часот по локално време повторно го затворија граничниот премин Евзони (Богородица) за влез и излез од Грција кон Северна Македонија. Блокадата се очекува да трае до 22 часот вечерва. На грчката страна на Евзони се паркирани над 300 трактори. Блокади на овој премин имаше и вчера, во претпладневните часови, како и од 18 до 22:30 часот, по што сообраќајот беше нормализиран до денешниот нов прекин. Низ цела Грција, земјоделците имаат поставено вкупно 14 блока со над 6.000 трактори. Два од овие блока се на граничните премини кон нашата земја: Евзони и Ники (Меџитлија). На граничниот…

Повеќе