- Алта Банка од утре ги затвора експозитурите за клиенти
- ВИДЕО: ДУИ слави победа во Брвеница
- Мицкоски: Сами против сите, ние со изборна програма, тие со демографија, национална карта и по некој тројанец
- ДИК: Јахији победник, разликата само 265 гласа
- Јахији е нов градоначалник на Брвеница – Ковачки честиташе: Донесоа бајаги луѓе од надвор
- МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти
- ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале
- Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци
Author: Author 04
Верниците во Македонија неделава одбележуваат два големи христијански празници. Во среда, на 6 мај, се слави Светиот великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден, додека во петок е празникот посветен на Светиот апостол и евангелист Марко. Свети Георгиј, роден во Кападокија, е еден од најпочитуваните светители кој поради својата вера во Христа претрпел страшни маки за време на царот Диоклецијан. „Сиот разгорен од љубов кон Господ Христос, Свети Георгиј без тешкотии остави сè заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го награди со венец на невенлива слава“, се наведува во житието за светителот кој бил…
Албанската јавност е во шок по тешката сообраќајна несреќа што се случи во пристанишниот град Драч. Возач под дејство на алкохол удрил во група деца додека си играле на тротоар, при што две деца на возраст од 10 и 13 години починале на лице место. Трето дете, на 8-годишна возраст, со тешки повреди е префрлено на клиниката за трауматологија во Тирана и се бори за живот, додека четвртото дете поминало без повреди. Возачот Никол Радачи (57) веднаш по ударот го напуштил местото на настанот, но набрзо бил приведен од страна на полицијата. „Убијте ме, не заслужувам да живеам, ги зедов…
ВЛЕН: Се приближува крајот на една политичка илузија дека Албанците можат вечно да се држат поделени
На 9 мај се приближува крајот на една политичка илузија дека Албанците можат вечно да се држат поделени. На Денот на Европа, ВЛЕН чекори кон Конгресот на обединувањето како сила што ја разбра пораката на времето. На Албанците им е потребен силен, обединет и непоколеблив глас. Ова е ветување што го дадовме одамна, велат од ВЛЕН. „Со години, другите ја градеа својата моќ врз поделби. Хранеа раздор, создаваа групи, купуваа молк и ја продаваа измамата како патриотизам. Денес, кога пет субјекти стануваат една сила, нивната игра се руши. Обединувањето на ВЛЕН е одговор на годините замор, злоупотреба и политичка манипулација.…
Демократската унија за интеграција соопштува дека Бурим Латифи и државното претпријатие МЕПСО не застанале само на еден договор, туку го продлабочиле соработувањето со компанијата „Елнос БЛ“ од Република Српска, блиска до Милорад Додик. „Бурим Латифи и МЕПСО, во истиот ден, склучиле не еден, туку два договори со оваа компанија, што отвора сериозни прашања за начинот и транспарентноста на оваа соработка. ДУИ бара од Латифи јавно и транспарентно да ја објави првичната одлука на надлежниот орган, преку која претпријатието изгубило повеќемилионски спор на штета на државата. Во досегашните комуникации на МЕПСО и субјектот ВЛЕН, никогаш не е негирана поврзаноста што компаниите…
Двојните стандарди на СДС и Филипче и контрадикторности во политичкото дејствување на СДС и Филипче не можат да се покријат со декларативни заложби за европска иднина; велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дека СДС и Филипче немаат план, стратегија и визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, а единствена цел им е Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка, говори и фактот дека од една страна СДС се продава како европска опција, а од друга страна соработува со луѓе кои имаат проруска ориентација. СДС на чело со Венко Филипче очајно се обидува да се претстават како проевропска опција додека нивните дела, постапки…
Студено утро во Македонија со температури под нулата во неколку градови. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, најниската температура утрово од минус 5 степени е измерена во Берово. Минус еден степен е регистриран на Попова Шапка, Маврови Анови, Крива Паланка и Лазарополе, додека нула степени се измерени во Струмица, Скопје-Петровец, Охрид, Демир Капија, Битола и Тетово. Најтопло утрово е во Гевгелија со измерени 5 степени. Денеска не очекува сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. „Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени“, информираат од УХМР. Во Скопје времето…
Во импровизираната судница во затворот „Идризово“, денеска треба да продолжи судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште е предвидено сослушување на вешто лице од Институтот за судска медицина. На претходното рочиште, одржано на 28 април, Обвинителството ја презентираше медицинската документација за над 200 повредени лица кои побарале помош по трагедијата на 16 март минатата година. Обвинителката Наташа Сарамандова ги изнесе деталите за повредите кај 157 лица со тешки телесни повреди и уште 65 лица со телесни повреди, меѓу кои има и 20 деца. „Вештачењата на медицинската документација на повредените во пожарот на 16 март 2025…
Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 25 мај – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела).Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: За граѓаните од православна вероисповед Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди: За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед
Македонија се подготвува за нови, значително построги правила за сопствениците на домашни миленици. Новиот Предлог-закон за заштита и благосостојба на животните, подготвен од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), предвидува високи парични казни и ригорозни мерки за прекршителите. Според предлог-решението, сопственикот кој ќе го напушти својот миленик може да се соочи со трајна забрана за чување ново животно. Глобите за физичките лица се значително зголемени. „Несоодветно чување или шетање куче ќе се казнува со околу 400 евра, додека сурово и нехумано однесување, мачење или усмртување на животни може да достигне казни до 5.000 евра“, стои во предложените измени. Законот предвидува…
Купувањето на нов паметен телефон во наредните години ќе биде под влијание на новите регулативи на Европската Унија. Производителите ќе мора да исполнуваат строги правила кои гарантираат подолг век на траење на уредите и полесно сервисирање. Главната цел на европските регулатори е да се прекине практиката на често менување на телефоните само поради ослабена батерија или пад на перформансите. „Целта е да се намали електронскиот отпад, да се заштедат пари за потрошувачите и да се поттикнат поправки наместо фрлање на уредите“, пренесуваат медиумите. Новите правила налагаат батериите да го задржат својот капацитет по голем број циклуси на полнење. Исто така,…
