Close Menu
Press24
    Најново

    Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев

    29.10.2026 во 10:45

    Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица

    29.10.2026 во 10:44

    Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата

    29.10.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Уште време за аплицирање: Продолжени конкурсите за финансирање проекти во културата
    • Ревизија со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит
    • Македонската полиција му затропала на врата: 60-годишен маж ќе лежи во затвор
    • Финансиски злоупотреби во здравството – Под лупа и компанија со три болници во Скопје
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Неделава се празнуваат два големи празници: Ѓурѓовден и Марковден

    Неделава се празнуваат два големи празници: Ѓурѓовден и Марковден

    04.05.2026 во 10:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Верниците во Македонија неделава одбележуваат два големи христијански празници. Во среда, на 6 мај, се слави Светиот великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден, додека во петок е празникот посветен на Светиот апостол и евангелист Марко.

    Свети Георгиј, роден во Кападокија, е еден од најпочитуваните светители кој поради својата вера во Христа претрпел страшни маки за време на царот Диоклецијан.

    „Сиот разгорен од љубов кон Господ Христос, Свети Георгиј без тешкотии остави сè заради својата љубов: чин, богатство, царски почести, пријатели и сиот свет. За оваа љубов Господ го награди со венец на невенлива слава“, се наведува во житието за светителот кој бил убиен во 303 година.

    Веднаш по Ѓурѓовден, во петок на 8 мај, се празнува Марковден. Свети Марко бил сопатник на апостолот Петар и автор на едно од четирите евангелија.

    Како прв проповедник на христијанството во Египет, Марко основал цркви и поставувал епископи, за што на крајот бил мачен и убиен од незнабошците во Александрија.

    „Сиот измачен и истоштен Свети Марко изусти: ’Во Твоите раце, Господи, го предавам мојот дух!‘ и издивна“, стои во записите за неговото страдање.

    Двата празници се длабоко вкоренети во македонската традиција и се прославуваат со бројни обичаи и семејни собири.

    Прочитај повеќе

    Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври

    29.10.2026 во 09:38

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.