Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Траги од „жешки капки“ пронајдени на облеката на Андреј од ДНК: Шокантни докази од увидот во дискотеката „Пулс“

    Траги од „жешки капки“ пронајдени на облеката на Андреј од ДНК: Шокантни докази од увидот во дискотеката „Пулс“

    06.05.2026 во 15:322 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, Јавното обвинителство денеска изведе нови материјални докази. Презентиран беше фотоалбум со 92 фотографии кои ја прикажуваат состојбата на објектот по пожарот, вклучително и бројни небезбедни услови за евакуација.

    Обвинителството истакна дека во објектот биле затекнати горливи материјали како стиропор, первол и дрвени елементи кои го забрзале ширењето на пламенот. Дополнително, биле пронајдени три празни противпожарни апарати.

    „Во објектот биле присутни ограничувачки и небезбедни услови за евакуација, меѓу кои преградна двокрилна врата, алуминиумска врата, како и странична врата без рачка, со заклучена брава, метални алки и катанец во заклучена положба“, наведува обвинителството.

    Според записникот, пожарот настанал како последица на употреба на пиротехнички средства од страна на групата ДНК. Презентираната неоштетена пиротехничка фонтана покажала дека нејзиниот домет бил поголем од растојанието помеѓу бината и плафонот, кое изнесувало околу 2,7 метри.

    Посебен акцент беше ставен на сунѓерот во клубот, набавен во 2012 година, кој при согорување создавал жешки капки. Вакви микротраги биле пронајдени и кај дел од жртвите, вклучително и кај пејачот Андреја Ѓорѓиевски. На неговата јакна биле констатирани траги поврзани со дејството на овој материјал.

    Рочиштето започна со тензија откако одбраната побара изземање на вештачењата од Судска медицина, но судот ги одби барањата како неосновани.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.