Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје: Се судрија автобус и автомобил
    • Ангелов: Регионалната соработка и подготвеноста се клучни за ефикасен одговор при катастрофи
    • 32-годишна жена натепана од вонбрачниот сопруг и золвата 
    • Планирале да нападнат за денот на изборите: 5 лица паднаа в рацете на полицијата во Белград
    • Започнува зимското сметање на времето: Во сабота кон недела ги поместуваме стрелките еден час назад
    • Судење за „Пулс“: Вештакот тврди дека немало реконструкција, Обвинителството ја оспорува стручноста
    • 30-годишник од Скопје пренесен во болница, бил претепан со тврд предмет
    • Ѓорѓиевски: Го враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски 

    Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски 

    04.05.2026 во 12:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, упати остри критики до актуелната власт, обвинувајќи ја за злоупотреба на името на великанот за партиски и коруптивни цели.

    Филипче истакна дека постои длабок јаз меѓу идеалите на револуционерот и денешното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

    „Гоце Делчев се бореше против неправда и туѓинска власт. Денешното ВМРО се бори за тендери, заштита на криминалци и за бугарски пасоши во џебовите“, изјави Филипче.

    Според лидерот на опозицијата, доколку Делчев беше жив денес, тој би се срамел од политиките на Христијан Мицкоски и би се спротивставил на начинот на кој се води државата. Филипче тврди дека ВМРО ја претворило Македонија во плен, а граѓаните во заложници на корупцијата.

    „Ако Гоце Делчев денес беше жив, би се срамел од оние што се повикуваат на неговото име додека уништуваат сè за што тој се бореше. Тој лично би се борел против Мицкоски, против оваа денешна криминална група ВМРО и сè она што тие го претставуваат“, нагласи претседателот на СДСМ.

    Филипче заклучи дека СДСМ продолжува со борбата за демократска и европска Македонија, најавувајќи дека наскоро ќе дојде време на правда и одговорност.

    Прочитај повеќе

    Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос

    21.10.2026 во 15:00

    Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството

    21.10.2026 во 14:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.