Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Успешно е извршена тешка операција на срцето на бебе кое нема ниту еден килограм
    • Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница
    • Драма во Белгија: Уапсен 15-годишен ученик за лажна дојава за бомба и евакуација на 850 деца во Гент
    • Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци
    • Двајца загинати при руски напади врз бензински пумпи во Киев
    • ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори
    • ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
    • Мелони децидна: Италија мора сама да произведува повеќе нафта и гас за да ја намали увозтната зависност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерство за транспорт: Унгарски „Икарус“ и ЕВН ќе ги набават новите 150 електрични автобуси

    Министерство за транспорт: Унгарски „Икарус“ и ЕВН ќе ги набават новите 150 електрични автобуси

    30.04.2026 во 17:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за транспорт соопшти дека е завршена евалуацијата за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 станици за полнење. Од вкупно четири пристигнати понуди, Комисијата утврди дека три оператори не ги исполнуваат условите, по што е направен прелиминарен избор на најповолен понудувач.

    За најповолна е избрана заедничката понуда на унгарската компанија „Електробус-Икарус“ и австриската ЕВН.

    „’Електробус – Икарус’ и австриската ЕВН ги исполнија сите услови предвидени во јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење и воедно понудија најниска цена од 19 милиони 350 илјади денари или околу 314 илјади евра по автобус што е исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси. Согласно Одлуката, компанијата ‘Икарус’ треба да ги достави електричните автобуси, а компанија ‘ЕВН’ станиците за полнење“, наведуваат од Министерството.

    Според техничките карактеристики, автобусите ќе имаат моќност од 300 kW, капацитет за 66 патници и автоматска климатизација. Операторот има обврска да обезбеди одржување и резервни делови во следните 10 години.

    Испораката ќе се одвива етапно: првите 30 автобуси и 15 станици треба да пристигнат во рок од шест месеци по потпишување на договорот. Останатите 120 возила ќе бидат испорачани во два наврати во рок од 12, односно 18 месеци.

    По донесувањето на оваа одлука, тече рокот за жалба од десет дена.

    Прочитај повеќе

    Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност

    11.09.2026 во 17:25

    Евро банкнотите добиваат нов изглед

    11.09.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.