Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Убиецот од Нагоричани призна три од четири убиства – судењето продолжува
    • Штипјанец го пријавил својот син во полиција
    • Делови од Општина Центар утре ќе останат без вода
    • Усмртил диво животно во период кога ловот е забранет – неготинчанец кривично ќе одговара
    • МВР до возачите со возила со странски таблици: Може да проверите дали имате казна и веднаш да ја платите
    • Акција во Скопје: Приведени повеќе лица под сомнение за тероризам
    • Нова трагедија ја потресе Македонија – загина возач на товарно возило
    • Утринските близу нулата – УХМР со најнова прогноза за цела недела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шведскиот амбасадор на турнеја низ Македонија

    Шведскиот амбасадор на турнеја низ Македонија

    04.05.2026 во 09:012 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром, од денеска ја започнува иницијативата „Амбасада на турнеја“, во чии рамки до 9 мај ќе ги посети поголемите градови низ целата територија на Македонија. Целта на посетата е одбележување на долгогодишните партнерства и зајакнување на врските помеѓу двете земји.

    Како што информираат од Амбасадата, посебен акцент ќе биде ставен на шведските инвестиции, резултатите од реформската соработка и културните врски. Турнејата почнува утрово од Скопје, а ќе ги опфати Тетово, Гостивар, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Велес, Штип, Струмица и Куманово.

    „Турнејата почнува во Скопје, каде амбасадорот ќе ја посети улицата ’Стокхолмска‘, именувана во знак на благодарност за поддршката на Шведска по земјотресот во 1963 година, како и Домот за стари лица ’Мајка Тереза‘, изграден со шведска помош. Програмата вклучува и средби со големи и мали шведски компании кои работат во Северна Македонија“, наведуваат од Амбасадата.

    Во рамките на активноста, предвидени се средби со локалните власти, граѓански организации и претприемачи. Во Битола ќе се одржи Бизнис форум, додека во Охрид и Струга фокусот ќе биде ставен на екологијата и одржливоста.

    Целата иницијатива ќе заврши на 9 мај во Скопје, на Денот на Европа. Од Амбасадата додаваат дека иницијативата #EmbassyOnTheRoad е потврда за шведската поддршка на македонскиот пат кон Европската Унија.

    Прочитај повеќе

    Убиецот од Нагоричани призна три од четири убиства – судењето продолжува

    28.09.2026 во 16:04

    Штипјанец го пријавил својот син во полиција

    28.09.2026 во 15:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.