- Мицкоски најави викенд-средби со ВРЕДИ и ЗНАМ за реконструкција на Владата
- Мицкоски од Струмица: Здравството останува наш силен фокус, болницата целосно во функција од септември
- Трагедија во Зелениково: Маж пронајден починат под сопствениот мотокултиватор
- Малолетник тешко повреден, со велосипед се забил во ѕид од куќа
- Кражба во тетовско: Одземена касата со пари од црквата „Свети Атанасиј“ во Брвеница
- Муцунски од Даблин: Ирска дава силна и принципиелна поддршка за нашиот европски пат
- Поголем дел од Македонија ја зафати невреме
- Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
Author: Author 03
Владата се фали со пари кои ги добиваат сите кандидати на Балканот освен Србија, но не кажува колку пари загубивме, велат од СДСМ. ЕУ ослободи само 65,7 милиони евра за Македонија а вкупната сума која требаше да се повлече само за периодот јуни 2025 – декември 2025 е 134 милиони евра. Молчи Владата за клучното прашање колку пари загуби Македонија поради тоа што нема продолжување на европскиот пат? Остануваат уште само 10 дена до рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на реформите и европските обврски. 10 дена до уште едно неисполнето ветување на Мицкоски. Без измени на…
*Учество на министерот Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска* На покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во Хелсингборг, Кралството Шведска, од 21 до 22 мај 2026 година. Во рамки на состанокот, министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со инвестициите во одбраната, состојбите во Украина, развојот на одбранбената индустрија, како и за други актуелни регионални и глобални безбедносни предизвици. Разговорите ќе се одвиваат и…
Рокот за завршување на автопатот Охрид-Кичево е мај следната година, јас очекувам да биде и пред рокот бидејќи активностите одат многу добро, истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервјуто за ТВ Сител. “Веќе имаме пуштено траса од 37 километри од вкупно 57 километри, очекувам во текот на летото да имаме и други функционални километри и во рамки на рокот да биде завршен целиот автопат. Имаше бројни проблеми, реков ќе зборувам за проблемите кога ќе го завршиме. Сега се решени проблемите и најважно е што ова е првата Влада која се посветни на овој проект. Мислам дека прашањето не е само математичко…
Маврови Анови и Лазарополе со само 4 степени утрово беа најстудените места во земјава, додека вистинско пролетно утро дочекаа жителите на Гевгелија, каде се измерени 17 степени. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави утринските температури за цела Македонија: Какво време ни носи денот? Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но во одредени места ќе има појава на слаб локален дожд. Предупредување за попладне: Во југоисточните делови од земјата времето ќе биде нестабилно. Се очекуваат услови за појава на ретки грмежи и пороен дожд. Дополнително, денеска ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец,…
Кина направи огромен чекор напред во глобалната трка за технолошка доминација. Во соработка меѓу водечките државни технолошки гиганти и научни институти, во водите на Јужното Кинеско Море официјално е пуштен во употреба првиот подводен дата-центар во светот кој е целосно интегриран и управуван со помош на вештачка интелигенција (АИ). Овој револуционерен проект претставува спој на напредно подводно инженерство и врвна компјутерска технологија, со цел да се одговори на енормната побарувачка за обработка на податоци за АИ-модели, без притоа да се загрози животната средина. Зошто под вода? Еколошки и економски триумф Традиционалните копнени дата-центри трошат огромни количини електрична енергија и вода…
Некои луѓе делуваат ладно, смирено и недопирливо, но зад таквиот впечаток често кријат многу повеќе емоции отколку што покажуваат. Според астрологијата, одредени хороскопски знаци особено тешко признаваат дека нешто ги повредило, па повеќе сакаат да изгледаат рамнодушно отколку да покажат ранливост. Скорпија Скорпиите ретко покажуваат колку навистина ги боли нешто. Дури и кога некој длабоко ќе ги повреди, често ќе се однесуваат како воопшто да не им е грижа. Сепак, тие паметат сè и долго ги анализираат ситуациите. Јарец Луѓето родени во знакот Јарец сакаат да остават впечаток на рационални и стабилни личности. Кога нешто ќе ги погоди, најчесто уште…
Проектот за брзата пруга е почнат уште минатата есен, но во рамки на оваа една година го правиме најбитниот дел во еден проект кој што е најмалку атрактивен за јавност – а тоа е делот кој значи добро планирање, геотехнички истражувања, понатака, истражување за влијание врз животната средина, истражување за влијание во средината каде што живеат луѓето, археолошки наоѓалишта и така натака, порача вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. -Ако не направите добар план, ќе ви се случи Охрид-Кичево. И затоа го правиме овој план, рокот е некаде околу една година, за после кога ќе ги видиме, првите…
Иран официјално започна со разгледување на најновиот предлог доставен од Соединетите Американски Држави, кој има за цел намалување на тензиите и обновување на стратешкиот дијалог меѓу двете земји. Овој чекор уследи веднаш по клучната посета на високиот пакистански посредник во Техеран, кој дејствува како дипломатски мост меѓу Вашингтон и иранските власти. Пакистанскиот претставник оствари серија средби со највисокиот државен врв на Иран, пренесувајќи ги пораките и конкретните точки од американската администрација. Што содржи новиот предлог? Иако точните детали од документот сè уште се чуваат во тајност поради чувствителноста на преговорите, дипломатски извори брифираат дека предлогот се фокусира на неколку клучни…
Стравот што го продава власта е лажен, бидејќи Европската Унија не го загрозува македонскиот идентитет, моето мислење е дека нема желба да се оди напред во Европа за да продолжат со корупцијата и ништо друго, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на конференцијата „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“. Филипче посочи дека уставните измени не го загрозуваат македонскиот идентитет, јазик и култура. „Нема ниту една одредница идентитетска која што е загрозена со следниот чекор кој што треба да се направи, а тоа се уставните измени. Еве нека кажат, како внесувањето на малцинството…
Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Michalis Rokas, на која се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и европската перспектива на Република Северна Македонија. На средбата детално беа разгледани обврските што Република Северна Македонија ги има кон Европската Унија, како и одговорноста на институциите и домашните власти за исполнување на сите неопходни реформи и обврски на патот кон полноправно членство во ЕУ. Претседателот Ахмети повторно нагласи дека европската интеграција останува стратешки приоритет и врвен државен интерес, истакнувајќи дека Северна Македонија нема друга алтернатива…
