- На ова место во Грција лежалките не се наплаќаат
- Холивудски луксуз: Гардероберот на Данијела Димитровска чини колку стан
- Потрес во Даунинг стрит: Министерот си замина, Стармер уверува дека државата е безбедна
- Меџити: Поддршката за бизнисите е инвестиција во економскиот развој и новите работни места
- Герасимовски во Капиштец: Податоците за бучавата ќе бидат јавно достапни онлајн на веб страницата на Општина Центар
- ВИДЕО: Протест во Капиштец – На буката одговараме со бука
- Калас: Враќањето кон целосна војна со Иран ќе има исклучително висока цена за целиот регион
- Со 59 гласа ЗА и 9 против помина предлог законот за игрите на среќа: Нема веќе казина близу училишта
Author: Author 03
Пиењето кафе на празен стомак е дел од утринската рутина на многу луѓе, но експертите предупредуваат дека може да има различни ефекти врз телото. Додека кафето помага да се разбудите, кај некои луѓе може да предизвика зголемено лачење на желудочна киселина, нервоза и проблеми со варењето. За многу луѓе, утрото започнува со шолја кафе пред појадок. Иако кофеинот може брзо да го разбуди телото и да ја зголеми концентрацијата, експертите предупредуваат дека пиењето кафе на празен стомак може да предизвика одредени проблеми кај некои луѓе, особено ако се консумира секојдневно и во поголеми количини. Кафето го стимулира централниот нервен систем…
Грција најавува нова, засилена иницијатива за забрзување на процесот на проширување на Европската Унија, со посебен фокус на земјите од Западен Балкан. Како што пренесуваат грчките медиуми, официјална Атина планира да ја ревитализира својата водечка улога во регионот, потсетувајќи на значењето на „Солунската агенда“ од 2003 година. Новата стратегија има за цел да обезбеди појасна и побрза интегративна патека за државите од регионот, во време кога геополитичките предизвици во Европа наметнуваат потреба од поголема стабилност и единство. Грчките дипломатски извори нагласуваат дека Грција ќе дејствува како мост помеѓу Брисел и Западен Балкан, лобирајќи за конкретни рокови и олеснување на пристапните…
Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно формирање на Комисија во рамки на Општина Ресен за проценка на штетите од измрзнувањето на овошките во Преспанскиот Регион, се вели во соопштението од ЛДП што МИА го пренесува интегрално. По нестабилните временски услови и ниските температури, земјоделците од Ресен и Преспа се соочуваат со огромни загуби на плодови и насади, од кои најмногу погодени се сливите и јаболката. Како регион чија главна стопанска гранка е земјоделството, од особена важност е општината да им излезе во пресрет на граѓаните кои својата егзистенција ја обезбедуваат од одгледување на овошје. Само така, со искрен пристап и пријателски…
Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на националните културни установи подразбира фузирање на одредени институции, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, образложувајќи сегмент од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030 кој се однесува на автономијата во културата и предвиденото преобликување на мрежата на установите. Има манифестации, рече Љутков, што работат три дена во годината, а во планот за вработување, со систематизацијата, за нив се предвидени по 25 до 30 работни места. Битно е, нагласи, тие да не се „угаснат“, туку да продолжат да функционираат, но во рамки…
Швајцарија бележи историски највисок број на затвореници откако се води официјална статистика, покажува најновиот извештај на Федералниот завод за статистика (ФСО). Заклучно со 31 јануари 2026 година, во швајцарските казнено-поправни установи биле евидентирани вкупно 7.119 лица, што доведе до национална стапка на исполнетост на капацитетите од дури 97 проценти. Според податоците што ги пренесе „Свис инфо“, од вкупниот број затвореници, 63 проценти издржувале затворска казна или мерка изречена од суд, 31 процент биле во притвор или задржани од безбедносни причини, додека преостанатите шест проценти биле затворени по други основи. Резултатите од статистиката за кривични пресуди и затвори на ФСО покажуваат…
Македонија повеќе не е пасивен набљудувач на енергетските процеси, туку држава што активно ги креира сопствените политики и се позиционира како релевантен и стабилен партнер во регионот – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните регионални енергетски форуми. – Енергетската криза беше јасен сигнал дека енергетската безбедност и транзицијата мора да одат паралелно. Македонија суштински го редефинира пристапот кон енергетиката – од пасивно следење на пазарот кон активно планирање, инвестиции и развој – истакна Божиновска на Belgrade Energy Forum 2026,…
Со жалење констатираме дека СДС продолжува со истата стара практика – пласирање празни, неосновани и политички мотивирани обвинувања, без суштина и без каква било реална допирна точка со потребите на граѓаните на Општина Аеродром. Со последното соопштение за реконструкцијата на плочниците, СДС уште еднаш покажа дека нема ниту идеи, ниту визија, ниту доблест да признае дека во Општина Аеродром се работи како никогаш досега – домаќински, одговорно и во интерес на граѓаните, изјави на денешната прес-конференција претседателката на Советот на Општина Аеродром, Сузана Павловска. Иронијата е уште поголема кога токму СДС денес зборува за тротоари, плочници и јавни површини кои…
СДС и Филипче треба повеќе да работат за Македонија, отколку да кодошат во Бугарија. СДС и Филипче со рејтинг од само 4%, знаејќи дека во Македонија никој не ги поддржува, ниту им дава на значење, се свртија да одработуваат за странски држави и странски партии. СДС и Филипче свесно шират какафонија во медиумскиот простор, бидејќи се загубени и немаат што да понудат на граѓаните, освен лаги, измислици и манипулации, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, СДС и Филипче велат дека уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, додека новиот бугарски премиер Румен Радев, категорично во секој негов…
Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат дека вметнувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет. Ова е чиста манипулација. Вистината е спротивна: Вклучувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет, а не го слабее, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.. Кога сите граѓани, без разлика на етничка припадност, се дефинирани и заштитени со највисокиот правен акт на државата, тоа ја зголемува кохезијата на општеството и ја зацврстува македонската државност. На пример нашите сограѓани Србите, кои се значително повеќе во Македонија од Бугарите и Хрватите, според последниот попис, исто така не претставуваат никаков проблем за идентитетот. Зошто ВМРО-ОКГ не се плаши…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски вршат посета на инфраструктурните проекти што се реализираат на западниот дел на Коридор 8. По увидот на градежните работи на автопатот Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, вицепремиерот Николоски истакна дека градежните работи се одвиваат со потребната динамика. Сите предизвици на трасата се решаваат со добра координација меѓу институциите, а Владата на изведувачот му овозможи отворен фронт за работа на цела траса. “Ние многу често зборуваме за овие проекти во нашите јавни настапи, на прес-конференции, на интервјуа, еве сега да…
