- Дојчиновски: Мицкоски сака да ја продаде водата и струјата за профит на странски дата центри
- Борозан: Социјално-ранливите граѓани ја водат сами битката за гола егзистенција
- Драма во Вашингтон: ФБИ спречи голем терористички напад врз Белата куќа, уапсени пет лица
- ФОТО: Почина на само 35 години – Последната објава на актерката од серијата на Сител
- (ФОТО) Се судрија камион и автомобил кај Рампа во Кисела Вода
- УХМР информира каде наврна најмногу вчера – Попладне пороен дожд и грмежи низ Македонија
- Експертите предупредуваат: Сè поголем ризик од суша во Македонија
- Филмско бегство од затвор во Прокупље: Избегале двајца затвореници, суспендирани чуварите
Author: Author 03
Со години ВМРО-ОКГ ширеше страв, хистерија и лажен патриотизам, убедувајќи ги граѓаните дека ние во СДСМ сме предавници кои го го загрозуваат македонскиот идентитетот, јазик и култура. Вистината излезе на виделина. Ниту СДСМ се предавници ниту е загрозен македонскиот идентитет, велат од СДСМ. Тоа го призна и ВМРО-ОКГ. Мицкоски призна дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата, Силјановска призна дека македонскиот јазик, идентитет и култура се заштитени, Муцунски признаа дека НАТО е гаранција за безбедноста и добар за бизнис климата. Паднаа лагите, падна и лажниот патриотизам на ВМРО. Токму тие што најгласно зборуваа за „предавства“ и „национални интереси“, тивко си…
Војната меѓу Русија и Украина продолжува со несмален интензитет преку редовна размена на воздушни напади. Изминатава ноќ донесе нови човечки жртви и материјални штети на двете страни од границата, додека истовремено се прават обиди за обновување на дипломатските канали. Најдраматичниот удар се случи длабоко во руска територија, каде две лица загинаа во напад со дрон врз градот Сизрањ во руската Самарска област, лоциран на реката Волга. Сизрањ е дом на голема нафтена рафинерија и се наоѓа на дури 1.000 километри оддалеченост од украинската граница. Локалниот гувернер Вјачеслав Федоришчев ја потврди смртта на двете лица преку својот Телеграм канал, но не…
Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски утре ќе има прва билатерална средба со својата бугарска колешка во маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг, Кралството Шведска. Инаку за потсетување на покана на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во Хелсингборг, Кралството Шведска, од 21 до 22 мај 2026 година. Во рамки на состанокот, министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со инвестициите во одбраната, состојбите во Украина, развојот на…
Вознесение Христово, Ден на Спасителот или Спасовден — христијански подвижен празник кој се слави 40 дена по Велигден. Според христијанското учење, токму на четириесеттиот ден по воскресението, Исус Христос за последен пат им се јавил на своите ученици во Витанија, каде што им ја пренел пораката да останат во Ерусалим и да го чекаат слегувањето на Светиот Дух. Потоа, пред нивните очи, се вознел на небото. Црквата го востановила празникот Вознесение Христово во спомен на овој настан, а народот го нарекол Спасовден ден посветен на Спасителот на светот. Иако празникот постоел уште во апостолските времиња, дури кон крајот на IV…
Војната во Украина сè подлабоко навлегува на руска територија. Најмалку две лица загинаа, а неколку се повредени во драматичен напад со беспилотни летала врз руски град лоциран на дури 700 километри од границата со Украина. Главна мета на нападот била голема нафтена рафинерија, која по ударот избувнала во пламен. Локалните власти и службите за итни случаи веднаш излегоа на терен за да го локализираат големиот пожар, додека во градот се огласија сирените за воздушна опасност. Цел на нападот – клучна енергетска инфраструктура Според првичните информации, нападот бил изведен во раните утрински часови со повеќе камикази-дронови. Очевидци пријавуваат силни експлозии кои…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска во 11:00 часот ќе одржи вонредна прес-конференција во медиумскиот центар на Владата. Главен фокус на обраќањето на Сали ќе биде напредокот во реализацијата на домашната Реформска агенда, како и деталите околу обезбедувањето на огромната финансиска поддршка од 65,7 милиони евра во рамки на Планот за раст за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст. Што ќе објави вицепремиерот Сали пред јавноста? На прес-конференцијата се очекува министерот детално да ја образложи одлуката на Европската комисија за одобрување на оваа нова транша, која доаѓа како директно признание за владината…
Иако не беше постигнат договор со нискобуџетната авиокомпанија “Рајанер”, Владата продолжува со отворање на нови авиолинии и проширување на мрежата на летови од македонските аеродроми, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој најави 5 нови дестинации ова лето. Николоски истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати условувања кои би биле на штета на останатите авиопревозници и на државните интереси. “Даваме субвенција од 9 евра за секој странски патник кој пристигнува на скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот. Ако сакаат да учествуваат, вратата е отворена. Но, не можеме да прифатиме уцени,…
Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжение на Заев и на истата капитулантскаа матрица во СДС која со години ја понижува Мaкедонија и дава простор на официјална Софија да продолжи со негирањето на македонскиот јазик и историја, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче и СДС немаат против да бидеме „северномакедонци’’. За Филипче и СДС не е проблем да ја туркаат тезата дека Македонија мора да прифаќа секакви условувања за да добие европска перспектива. За Филипче и СДС не е проблем народот да биде нарекуван „северномакедонски“, ниту пак имаат проблем со бришењето на националните обележја, само за да добијат по некој…
Довербата во правосудството е на историски минимум, а институциите штитат лица блиски до СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Советот на јавни обвинители на чие чело е Башким Бесими, стана штит на криминалот тежок 167 милиони евра за случајот „Мазут’’. Советот на јавни обвинители, предводен од Башким Бесими, роднина на поранешниот висок функционер на ДУИ, Фатмир Бесими, наместо да биде чувар на правдата, стана заштитник на политичко-криминалните структури на СДС и ДУИ. Наместо темелна истрага за скандалот „Мазут“ тежок 167 милиони евра, случај кој е еден од најголемите финансиски криминали во Македонија, јавноста гледа како Башким Бесими кој е на…
Општина Центар во соработка со Здружението на пензионери на Општина Центар вечерва, со почеток од 19:00 часот, го организира настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“. Настанот ќе започне од Плоштадот „Македонија“ со симболична прошетка низ старото скопско корзо, а потоа продолжува во салата на ООУ „Димитар Миладинов“ каде ќе се одржи свечена игранка. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати покана до сограѓаните да дојдат на настанот и да го почувствуваат шармот на некогашните променади низ центарот на Скопје. „Ќе прошетаме покрај Ристиќева палата, поранешниот хотел „Македонија“, „Кенан“, „Ванила“ и „Громби“ – местата каде што се…
