Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Со новиот просторен план власта планира пет нови рудници – Мицкоски ја распродава Македонија
    • (ВИДЕО) Петрушевски: Владата носи инвестиции од Вашингтон
    • Мицкоски во Њујорк со низа средби: Европската перспектива и регионалната соработка во фокус
    • Алармантна состојба во северна Етиопија: ОН загрижени поради заземањето на три аеродроми во Тиграј
    • Наутро минус, потоа сонце: УХМР ги измери температурите и најави силно невреме
    • Русин преживеал вистински хорор: Ѕвер од 200 кг му ги кршел ребрата
    • Холандскиот јавен сервис потврди: Холандија повторно на евровизиската сцена во мај 2027 година
    • Бизнисменот Чифлигароски се предал на полицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Експертите предупредуваат: Сè поголем ризик од суша во Македонија

    Експертите предупредуваат: Сè поголем ризик од суша во Македонија

    17.06.2026 во 11:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, поради што се потребни поголеми финансиски средства за спроведување мерки за адаптација, оценуваат од Центарот за климатски промени по повод Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушата.

    Оттаму посочуваат дека земјите од Медитеранот, меѓу кои и Северна Македонија, сè почесто се изложени на подолги сушни периоди, намалени врнежи и континуиран пораст на температурите.

    Овие климатски промени, како што велат од Центарот, директно влијаат врз водните ресурси, земјоделството и стабилноста на локалните заедници, а последиците сè почесто се одразуваат и преку економски загуби и зголемена социјална ранливост.

    Алатката за проценка на ризиците и ранливоста на локалните заедници од климатските промени, изработена во рамки на проектот Green B-LEAF, покажува дека и покрај зголемената изложеност на ризици, подготвеноста на општините во медитеранските региони останува ограничена, што укажува на потреба од посистематски и долгорочни пристапи во управувањето со климатските ризици.

    Според националните анализи и проценки, значителен дел од Североисточниот, Скопскиот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Југоисточниот Регион во земјата се оценети како ранливи на суша, при што особено чувствителни се Скопската и Штипската котлина, како и Овчеполието. Овие податоци ја нагласуваат потребата од локално прилагодени политики, подобро планирање и инвестиции за зголемување на отпорноста на заедниците.

    Од Центарот за климатски промени посочуваат дека сушата останува еден од најсериозните предизвици на современите климатски промени и бара координиран, навремен и интегриран одговор на сите нивоа на управување. Во таа насока, неопходно е зајакнување на институционалните и локалните капацитети, како и обезбедување соодветни финансиски средства за спроведување мерки за адаптација.

    Featured Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски во Њујорк со низа средби: Европската перспектива и регионалната соработка во фокус

    24.09.2026 во 11:26

    Наутро минус, потоа сонце: УХМР ги измери температурите и најави силно невреме

    24.09.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.