- Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
- Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
- Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
- ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
- Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
- Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
- Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
- Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
Author: Author 03
Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда со која поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски е осуден на една година затвор за бесправно градење. Во казната ќе се засмета и времето поминато во куќен притвор во 2019 година. Во делот за злоупотреба на службена положба, судот ја уважи жалбата и предметот го врати на повторно судење, со напомена дека постои можност за застарување во 2027 година. Исто така, укината е и условната осуда за друг обвинет, а и тој дел од случајот се враќа на повторно постапување.
Прифатена гаранција за укинување на мерката притвор Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба со понудена гаранција на осомничениот С.Б., изјавена против решение на судија на претходна постапка од 04.06.2026 година со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител, му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена, донесе решение со кое ЈА УВАЖИ жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот Определената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра, во денарска противвредност во корист на РС Македонија, а кој износ се депонира како гаранција за обезбедување на присуството на осомничениот во…
На 08.06.2026 во 10:45 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на крстосница од ул.„Крсте Мисирков“ и ул.„Кочо Рацин“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(41) од Свети Николе и патничко возило „фолксваген“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.А.(47) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево. Во несреќата со тешки телесни повреди од возилото „шкода“ се здобила 68-годишна сопатничка М.М., а со телесни повреди се здобил другиот сопатник Д.М.(67), двајцата од Свети Николе, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 08.06.2026 во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Црешево, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.К.(29) и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 40-годишната М.Т., двајцата од Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, утре, во Софија, ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во рамките на бугарското претседавање со иницијативата. Состанокот ќе биде посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи со мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“. Како што информираат од МНРиНТ, во фокусот на дискусиите ќе бидат европската перспектива на Југоисточна Европа, унапредувањето на регионалната соработка, зајакнувањето на безбедноста и отпорноста на регионот,…
Јавна расправа во Собранието за Предлог-законот за парнична постапка – еден од најзначајните реформски закони во областа на правосудството. На расправата учествуваа експерти од областа на граѓанското процесно право, универзитетски професори, судии, адвокати, претставници на правосудните институции, стручната јавност и граѓанскиот сектор, кои ги споделија своите мислења, предлози и забелешки за предложените законски решенија. Во текот на дискусијата, голем број експерти, професори, судии и адвокати ја истакнаа важноста на предложените решенија и позитивно го оценија Предлог-законот како значаен исчекор кон поефикасен и помодерен систем на граѓанска правда. Предлог-законот носи современи решенија насочени кон модернизација на судските постапки, поголема ефикасност на судовите и зајакнување…
На денешната седница на Советот на Град Скопје, советничката на СДСМ, Катерина Цаневска-Арсовска, упати три прашања до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, отворајќи повеќе сомнежи околу начинот на кој се водат клучни градски политики и институции. Таа посочи три проблематични области: спорниот избор и политичката позадина на именувањето на Марјан Цветковски за директор на Фондацијата „Скопје – Европска престолнина 2028“, за кој побара објаснување за критериумите и транспарентноста на постапката; потоа, неисполнетите ветувања за брзо чистење на Скопје и контрадикторностите околу состојбата со комуналната хигиена, која, наместо подобрување, продолжува да предизвикува незадоволство кај граѓаните; и конечно, нетранспарентноста околу поништениот конкурс…
Додека Брисел по кратка постапка му ги враќа законите затоа што не се во согласност со европските стандарди, Христијан Мицкоски повторно црта на табла. Овој пат објавува „10 милијарди евра за 10 години“ и „57 километри автопат“. Ова не е некаков план туку класична пропаганда која ние денеска ја разобличуваме, изјави на денешната прес-конференција Наташа Поповиќ, член на ИК на СДСМ.ж Ајде да погледнеме што всушност најавува. Според неговите изјави, во наредните 10 години треба да се изградат и реконструираат патишта, железница, болници, енергетски објекти и други капитални проекти. Сето тоа, велат, вреди 10 милијарди евра. Прво, 57 километри автопат за 10…
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската комора на Северозападна Македонија, при што го истакна нејзиниот значаен придонес во економскиот развој на државата во изминатите две децении. Во своето обраќање, Сали нагласи дека Комората претставува силен глас на бизнис-заедницата, важен партнер на институциите и активен промотор на економскиот развој. Тој истакна дека силната економија значи повеќе работни места, подобри плати и посигурна иднина за граѓаните. Осврнувајќи се на современите предизвици, првиот заменик-претседател на Владата посочи дека дигитализацијата, вештачката интелигенција, зелената транзиција, недостигот од квалификувана работна…
Времето утре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во четврток попладне и петок процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со услови за појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. За време на викендов времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и посвежо.
