Author: Author 03

На 13.06.2026 во 08:22 часот во СВР Штип е пријавено дека на некатегоризан пат помеѓу с. Јастребник и с.Бабиште, на непристапен терен на место викано „Блага јабука“, било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Ј.Д.(75) од Кочани, кој престојувал во с.Јастребник, а за кого на 01.06.2026 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Телото било извлечено од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани и Доброволна планинарска служба Осогово. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Повеќе

Во поморска несреќа што се случила денес околу 11:38 часот во водите меѓу островите Шолта и Брач, загинале три лица, а по едно лице сè уште се трага. На преостанатите патници на едрилицата (четири лица) им е укажана медицинска помош од страна на персоналот на Итната медицинска помош на местото на настанот и немало потреба да се однесат во болница – соопшти сплитската полиција. На местото на настанот ќе се спроведе увид на лице место, предводен од канцеларијата на заменик-окружниот државен обвинител со учество на сообраќаен експерт и со помош на полицијата. Според првичните информации од терен, во инцидентот има…

Повеќе

На 14.06.2026 во 03:35 часoт во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа 45-годишната М.П. од Скопје затоа што околу 03:15 часот телефонски, а потоа и во Полициската станица Ѓорче Петров се однесувала агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 13 јуни во 11:10 часот во СВР Скопје. „На крстосницата од улиците „Васко Карангелски“ и „Матеја Матевски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (33) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.С. (57) од Скопје“, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се утврдуваат.

Повеќе

Се обидуваме да ја развиваме државата, да создаваме нова вредност и нема да се повлечеме поради малкумина, кои создаваат хистерија и мислат дека на тој начин ќе го манипулираат народот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите во јавноста по неговата изјава дека се преговара за инвестиции во дата центри со десетици компании, за кои веќе се менува и регулативата. Мицкоски порача дека ќе застане зад секој проект, како што рече, не за еден мегават, не за пет, туку и сто и повеќе мегавати, кога ќе бидат исполнети условите согласно закон, како и техничките критериуми, што ќе бидат содржани…

Повеќе

На 13.06.2026 во 08:22 часот во СВР Штип е пријавено дека на некатегоризан пат помеѓу с. Јастребник и с.Бабиште, на непристапен терен на место викано „Блага јабука“, било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Ј.Д.(75) од Кочани, кој престојувал во с.Јастребник, а за кого на 01.06.2026 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Телото било извлечено од екипа од Територијалната противпожарна единица Кочани и Доброволна планинарска служба Осогово. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Повеќе

На 13.06.2026 во 19:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа М.А.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава затоа што околу 19:00 часот во двор од семејна куќа физички нападнал двегодишно дете. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни на стадионот во Струмица ќе го одбележи роденденот на партијата, а потоа ќе започнат разговорите за реконструкцијата на Владата, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски по пуштањето во употреба на Домот за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. За најавите за парламентарни избори, рече дека ВМРО-ДПМНЕ сака редовни избори, но ако биде предизвикана ќе оди на избори пред рокот и ќе победи. – Следната недела после роденденот којшто ќе биде на 17 јуни во Струмица со почеток од 20 часот на стадионот, после тоа почнуваме разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата на Владата…

Повеќе

На 13.06.2026 во 09:50 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишија од слобода Е.Н.(56) од Гостивар. При претрес во неговиот дом и помошни простории во Гостивар, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена тврда кафеава материја. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе

Денеска сме овде да го одбележиме отворањето на овој прекрасен објект, приватна инвестиција целосно. Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Јас му честитам и на инвеститорот и на сопственикот на овој објект и на луѓето коишто ќе ги користат услугите на овој објект, бидејќи навистина претставува храброст пред сè да се влезе во една ваква инвестиција, за мене…

Повеќе