- Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада
- Мицкоски: Органодарителството е најсилниот доказ дека човечноста продолжува да живее и тогаш кога животот на еден човек завршува
- Се удави младо момче во Охридското Езеро
- Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за можен договор за крај војната САД – Иран
- Мисајловски од Париз: Инвестираме во нова и модерна опрема, зашто безбедноста на нашите граѓани и сигурноста на Алијансата е врвен приоритет
- ВИДЕО: Погледнете го моментот кога се палат двете дипломатски возила на бугарската амбасада
- Муцунски и се јави на бугарската колешка: Ќе ќе го најдеме сторителот
- СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?
Author: Author 03
Еврокомесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Домот за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. Тоа, како што рече, е една од редовните посети на сите европски политичари на земјава. -Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерлна средба со турскиот претседател, со франциускиот претседател и со германскиот канцелар. На билатерална посета беше хрватскиот премиер, јас бев на билатерална посета со…
ОвенВе очекуваат обврски кои бараат брза реакција и добра организација. Не дозволувајте грешките на другите луѓе да ве отфрлат од вистинскиот пат. Денес ќе посакате повеќе внимание и потврда од саканата личност. Слободните би можеле да започнат интересен разговор што ќе прерасне во нешто повеќе. Имате доволно енергија за сè што сте планирале. Кратка физичка активност дополнително ќе ви го подобри расположението. БикБикови, финансиските прашања доаѓаат до израз и бараат внимание. Можни се корисни информации што ви отвораат нови можности. Денес ќе посакувате мир и стабилност во емотивните врски. Вашиот партнер ќе ја цени вашата искреност и подготвеност за компромис.…
Венко Филипче и раководството на СДС заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, бидејќи само тонат за што има и податоци, решително се ставија на страната на официјална Софија, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Тие како и да не разбираат дека токму држењето на оваа страна и слугувањето на софиското раководство се причината за нивното тонење. Дали е можно некој да е подготвен до тој степен да распродаде се свое, се македонско, дали е можно некој безусловно да прифаќа диктати од официјална Софија за внесување на Бугари во Уставот, притоа знаејќи дека барањата не…
Во еден глас, со многу емоции и одлична атмосфера, вчеравечер на ,,Плочник“ кај Градски ѕид се одржа второто издание на „Центарска симфонија“, во организација на Општина Центар. Публиката уживаше во македонските евергрини и филмска музика, во изведба на „Сонора Колектив“ оркестарот и одличните вокали на Иван Наумовски и Елена Васова. „Центар останува место на најубавите културни настани. Среќен сум што вечерва ве гледам овде, во толку голем број, на уште едно издание на „Центарска симфонија“, истакна Герасимовски пред почетокот на концертот. Во текот на вечерта беа изведени безвременските хитови на Драган Мијалковски и Нина Спирова, како и музичките теми од…
Поранешниот капитен на англиската репрезентација, Дејвид Бекам, денес доби ѕвезда на Холивудската патека на славните Неговата сопруга Викторија и децата Ромео (23), Круз (21) и Харпер (14) присуствуваа на откривањето на ѕвездата заедно со Бекам. Дејвид Бекам, кој е заслужен за зголемувањето на популарноста на фудбалот во Соединетите Американски Држави, им се придружи на повеќе од 2.800 познати личности кои веќе имаат ѕвезди со нивните имиња по должината на Холивуд Булевар и Вајн Стрит во Лос Анџелес, објавува британски Телеграф. За време на церемонијата на откривање на ѕвездата, Бекам беше почестен и од актерот Том Круз. Во својот говор за…
На 13.06.2026 во 09:50 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишија од слобода Е.Н.(56) од Гостивар. При претрес во неговиот дом и помошни простории во Гостивар, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена тврда кафеава материја. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Времето на СДС, сточарите го паметат и по 17 месеци неисплатени субвенции за предадено млеко. Напредокот во делот на сточарството го потврдуваат и статистичките податоци на Државниот завод за статистика, велат од ВМРО-ДПМНЕ. За прв пат по 10 години во 2025-та година бележиме зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година. Зголемување имаме и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година. Наспроти деструкцијата и хаосот што владееле во минатото, денеска имаме и зголемување на субвенциите во делот на сточарството. Финансиската поддршка за предадено млеко се зголеми и тоа:…
Уставниот суд од денеска ја пушта во употреба новата комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност. Платформата е создадена како дел од заложбите на Судот за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени факти и појаснувања за работата на Судот, постапките, одлуките и надлежностите, но и да придонесе во борбата против дезинформациите, шпекулациите и лажните вести поврзани со работата на Уставниот суд, кои во изминатиот период се зачестени. Преку „Дознај ФАКТИ“, Судот ја зајакнува својата проактивна комуникација со јавноста,…
На 13.06.2026 во 01:47 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово Скопје е пријавено дека на 12.06.2026 околу 19:15 часот во установата бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу осудениците К.Д. и Б.М. При тепачката, Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Додека Мицкоски го штити Трипуновски сточарите се во тешка криза. Стопанството буквално се распаѓа. Откупот е намален и со понижувачка откупна цена од едвај дваесетина денари за литар млеко. Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Некој прави огромни профити врз грбот на земјоделците, изјави на прес-конференција на СДСМ, Александар Димитриевски од Комисија за земјоделство. Кризата дополнително се продлабочува. Две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот, што значи дека многу сточари остануваат без пласман и без егзистенција. Дополнително, доцнат субвенциите за добиток и премиите за млеко. Затоа прашуваме: каде се парите за земјоделците?…
