Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?

    СДСМ: ВМРО – ОКГ го потврди скандалот со омилените фирми, прашањето сега е кој ќе одговара?

    15.06.2026 во 17:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО–ОКГ со денешната реакција целосно го потврди скандалот што денеска го објави Антикорупцискиот тим на СДСМ.

    Сега прашањето е кој во ВМРО ќе одговара?, прашуваат од СДСМ.

    Факт е дека Антикорупцискиот тим на СДСМ веќе објави тендерски шеми вредни над 100 милиони евра, во кои едни исти, омилени фирми на власта добиваат милионски тендери низ институциите и општините.

    Факт е дека три фирми се издвојуваат по бројот и вредноста на добиените тендери: Ленди Груп со 74 тендери вредни 17,6 милиони евра, Пирамид билдинг солушнс со 51 тендер вреден 16 милиони евра и Масев со 93 тендери вредни 18 милиони евра.

    Факт е дека зад овие фирми се појавуваат едни исти проектанти и надзорни компании – МГ Проект и МБМ Архитекти.

    Во Кисела Вода и Илинден, каде работи Ленди Груп, надзорот го врши МГ Проект.

    Во Аеродром и Гази Баба, каде работи Пирамид билдинг, клучните договори за надзор ги добива МБМ Архитекти.

    Во низа општини и институции каде работи Масев, повторно се појавуваат истите две фирми како проектанти и надзор.

    Дополнително, токму во периодот кога ВМРО–ОКГ има апсолутна власт и се реализираат средствата од унгарскиот кредит, МГ Проект склучува договори вредни 2,4 милиони евра, а МБМ Архитекти договори вредни 2,9 милиони евра, со раст од речиси 289 проценти.

    Ова се факти, договори, бројки и јавни податоци, сите во времето на ВМРО.

    Затоа прашањето останува:

    Кој ќе одговара за оваа бизнис-шема за испумпување пари на граѓаните?

    Јавното обвинителство повеќе нема простор за молк.

    АКТ на СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите сознанија и докази за злоупотребите и бара целосна одговорност – од прв до последен инволвиран, стои во реакцијата на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.