Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно лаже, повисоки субвенции, сточарството бележи позитивни резултати

    14.06.2026 во 11:56

    Нова алатка против дезинформации: Уставниот суд ја промовира платформата Дознај факти

    14.06.2026 во 11:45

    Тепачка меѓу затвореници, еден со тешки повреди пренесен на Ургентен центар

    14.06.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно лаже, повисоки субвенции, сточарството бележи позитивни резултати
    • Нова алатка против дезинформации: Уставниот суд ја промовира платформата Дознај факти
    • Тепачка меѓу затвореници, еден со тешки повреди пренесен на Ургентен центар
    • (ВИДЕО) Димитриевски: Мицкоски нема пари за земјоделците – има криза со откупот на млеко
    • Забрчанец: Демократската отвореност и популизмот не се исклучуваат меѓусебно
    • Сиљановска-Давкова: Националниот интерес е најважен
    • Застрашувачки бројки од Украина: ОН откри какви ужаси се случуваа во Киев и Запорожје минатиот месец
    • Ова уште не се случило:  УФЦ спектакл на тревникот пред Белата куќа за роденденот на Трамп
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно лаже, повисоки субвенции, сточарството бележи позитивни резултати

    ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно лаже, повисоки субвенции, сточарството бележи позитивни резултати

    14.06.2026 во 11:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Времето на СДС, сточарите го паметат и по 17 месеци неисплатени субвенции за предадено млеко. Напредокот во делот на сточарството го потврдуваат и статистичките податоци на Државниот завод за статистика, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    За прв пат по 10 години во 2025-та година бележиме зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година.

    Зголемување имаме и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос на 2024-та година.

    Наспроти деструкцијата и хаосот што владееле во минатото, денеска имаме и зголемување на субвенциите во делот на сточарството.

    Финансиската поддршка за предадено млеко се зголеми и тоа:

    -кравјо од 5 на 6 денари.

    -овчо и козјо од 6 на 7 денари.

    Се зголеми и финансиската поддршка од 4.000 на 6.000 денари за товни раси на говеда и зголемување од 3.000 на 4.500 денари за сите остананати раси или мешавини од различни раси.

    За обележани грла овци постари од 12 месеци, има зголемување на поддршката од 2.000 на 3.000 денари, исто така и за обележани грла кози постари од 12 месеци, се зголеми поддршката од 2.000 на 3.000 денари.

    По неколку години застој, се креираше нова мерка за зголемување на бројот на основното стадо во која висината на поддршката е за 30% повисока од основните мерки за пријавен број на обележани говеда, овци и кози.

    Со ова фармерите ќе се поттикнат за зголемување на бројот на основните стада.

    СДС го уништи сточарството во Македонија со нивните штетни политики.

    Политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се насочени кон создавање на модерно и конкурентно земјоделство, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Димитриевски: Мицкоски нема пари за земјоделците – има криза со откупот на млеко

    14.06.2026 во 11:17

    Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

    14.06.2026 во 10:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.