Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни

    Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни

    14.06.2026 во 13:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни на стадионот во Струмица ќе го одбележи роденденот на партијата, а потоа ќе започнат разговорите за реконструкцијата на Владата, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски по пуштањето во употреба на Домот за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. За најавите за парламентарни избори, рече дека ВМРО-ДПМНЕ сака редовни избори, но ако биде предизвикана ќе оди на избори пред рокот и ќе победи.  

    – Следната недела после роденденот којшто ќе биде на 17 јуни во Струмица со почеток од 20 часот на стадионот, после тоа почнуваме разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата на Владата – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

    Коментирајќи ги тврдењата на опозициската СДСМ дека Владата оди на избори бидејќи ги потрошила државните парите и дека нема да бидат алиби за предвремени избори, премиерот Мицкоски рече дека тоа едното со другото немаат логика. Мицкоски истакна дека нивниот став е да нема предвремени избори, дека добиле мандат од граѓаните четири години и сакаат да одат на редовни парламентарни избори коишто ќе се случат пролетта 2028 година, но доколку се предизвикани мора да се подготвени, како и секоја сериозна политичка опција.     

    – Нема да се мешам во нивната стратегија. Само знам дека, зборувам политички, кога влегувате во втората половина од мандатот, логично е да сте подготвени за избори без разлика дали се тоа редовни или вонредни, на барање на опозицијата. Еве нашата опозиција не бара, нашата опозиција е сокриена, има три-четворица кои држат прес-конференции полни со невистини и навреди, најчесто кон мене. И сега кога имаат можност да се покажат на терен, да видат еве колку ефект имаат тие нивни невистини и навреди кон мене, тие едноставно бегаат. Тоа нема да биде првпат што го прави СДСМ. Тоа веќе во историјата многу пати го направила СДСМ – рече Мицкоски.

    Премиерот додаде дека тие немаат намера да предизвикаат предвремни избори и дека нивната цел се редовни избори, но ако бидат, како што кажа, предизвикани тогаш ќе одат на избори и ќе победат. 

    За најавеното повлекување на Али Ахмети од лидерското место во ДУИ, Мицкоски рече дека не би сакал да коментира бидејќи тоа се внатрешни работи на партиите, исто како што не би сакал некој да ги коментира внатрешните работи во ВМРО-ДПМНЕ. 

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.