Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а наскоро и лажен леб

    Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а наскоро и лажен леб

    09.06.2026 во 13:503 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Додека Брисел по кратка постапка му ги враќа законите затоа што не се во согласност со европските стандарди, Христијан Мицкоски повторно црта на табла.

    Овој пат објавува „10 милијарди евра за 10 години“ и „57 километри автопат“.

    Ова не е некаков план туку класична пропаганда која ние денеска ја разобличуваме, изјави на денешната прес-конференција Наташа Поповиќ, член на ИК на СДСМ.ж


    Ајде да погледнеме што всушност најавува.


    Според неговите изјави, во наредните 10 години треба да се изградат и реконструираат патишта, железница, болници, енергетски објекти и други капитални проекти.

    Сето тоа, велат, вреди 10 милијарди евра.


    Прво, 57 километри автопат за 10 години. Тоа значи 5,7 километри годишно. Пет километри и седумстотини метри автопат по година. Ова е смешно.


    Македонија со ова темпо ќе ја гради својата автопатска мрежа уште неколку децении,  како што ни ветува дека и ЕУ ќе ја чекаме со децении.


    Второ, БДП на Македонија изнесува околу 14 до 15 милијарди евра.


    Најавата за 10 милијарди евра значи 1 милијарда евра годишно само во инфраструктурни проекти.


    Тоа е 6 до 7 отсто од целиот БДП секоја година.


    Ова е огромен износ за ваква мала економија.


    Но, уште поопасно е што нема ниту еден јасен извор на финансирање.


    Јавниот долг Мицоски веќе го зголеми за преку 2,3 милијарди евра за 2 години.


    ЕУ фондовите се блокирани, буџетот е празен, а странските директни инвестиции паднаа за 60 отсто.


    Единственото што останува е ново задолжување – што значи уште поголем товар за граѓаните преку повисоки даноци и поскапи услуги.


    Трето, во моментот кога Мицкоски тврди дека Македонија е „трета економија во Европа“, граѓаните имаат празни фрижидери.


    Имаме најниски плати во регионот, најниска минимална плата, а цените на основните производи растат секој месец.


    Како е можно една земја да биде „трета економија“ кога нејзините граѓани се меѓу најсиромашните во Европа?

    Четврто, оваа најава доаѓа во моментот кога рејтингот на Мицкоски опаѓа.


    Затоа повторно гледаме лажни анкети, исто како што Орбан објавуваше анкети дека убедливо води, а на крајот изгуби.


    Исто како што Вучиќ објавува свои анкети, а не смее да распише избори.


    Copy-paste модел.


    Лажен патриотизам, лажни анкети, лажни реформи и сега уште еден слој – лажни економски ветувања.


    Петто, кога некој кажува „10 милијарди за 10 години“, а не кажува од каде точно ќе дојде тој пари и како ќе се врати, тогаш не се работи за развој, туку за нова должничка замка.


    Граѓаните ќе плаќаат камати, ќе плаќаат поскапи услуги, а на крајот ќе имаат уште помалку пари во џеб.


    Мицкоски и неговата криминална организација немаат ниту еден реален резултат.


    Затоа произведуваат лажни вести, лажни анкети и лажни ветувања. Сè е исто – истата пропагандна машинерија што ја користат авторитарните режими во регионот.


    Граѓаните не јадат цртежи од табла. Тие јадат поскап леб, плаќаат повисоки сметки и гледаат како нивната иднина се продава за лажен оптимизам.


    Доста е со оваа измама, додаде Поповиќ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.