- Невреме со град го погоди Мариово, поројни врнежи и грмежи во прилепско и кратовско
- Татко си ги тепал ќерките, сопругот на нападнал сопругата – Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
- Голема акција на МВР: Лишени од слобода 23 возачи, меѓу нив и малолетници
- Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево
- Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори
- Започна исплатата на социјалната и детската заштита за мај
- Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства
- Силно невреме ја зафати Крива Паланка: УХМР предупредува на интензивен дожд и град
Author: Author 03
– На 10.05.2026 во 05:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 09.05.2026 околу 22:00 часот во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје физички ја нападнал неговата 33-годишна партнерка од Скопје и ѝ упатувал закани со огнено оружје, информираа вчера од МВР. Според пријавеното, тој и во изминатиот период бил насилен кон неа, но досега не го пријавувала.
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да ги официјализира предлозите за клучни позиции во неколку државни институции. Фокусот е ставен на изборот на нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и Државниот совет за превенција на детско престапништво. Катерина Зајковска највисоко рангирана за ДКСК Според ранг-листата објавена на веб-страницата на Собранието, Катерина Зајковска е прворангирана со освоени 90,67 бодови. Комисијата за селекција ја оцени нејзината визија како исклучителна, потенцирајќи го нејзиното големо искуство во борбата против корупцијата и судирот на интереси. Веднаш зад неа на листата се наоѓаат: Нови членови на Државниот совет…
Во Основниот кривичен суд денеска почнува судскиот процес против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехниката. Обвинението во судската постапка го застапува обвинителката Спасенка Андонова, од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со парламентарната делегација составена од потпретседателите на Собранието, Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, претседателот на работната група за Етичкиот кодекс, Миле Лефков, како и генералната секретарка Марина Димовска, од 11 до 14 мај 2026 година ќе оствари работна посета на Берн, Швајцарија. За време на посетата, делегацијата ќе одржи билатерални средби со претседател на Сојузниот Парламент на Швајцарската Конфедерација,Пјер Андре Паж, со раководството на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), како и работни сесии посветени на парламентарната етика…
После распадот на ЗНАМ, напуштањето на претеникот Цеков и советничката во Прилеп, започнува распад и во самата ВМРО-ОКГ, обвинуваат од СДСМ. Криминалната организација на Христијан Мицкоски е зафатена од сериозни внатрешни конфликти, фракции поврзани со Никола Груевски, внатрешна чистка со отстранување на сите потпретседатели, заминување на градоначлникот Сотир Лукровски. Очигледно е дека Лукровски не сакал да биде дел од шеми поврзани со урбанистички планови, легализации, градежни интереси и сомнителни финансиски трансфери кои ги турка Мицкоски. Луѓето почнуваат да сфаќаат дека биле злоупотребени и вовлечени во систем на криминал, злоупотреби и корупција за кој наскоро ќе мора да се одговара. Дали…
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните наград Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водатаза пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.05.2026 до 08.05.2026 зема 192примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на водаза пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ наПравилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службенвесник на РМ, бр.183/18).
Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции. Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше новата влада уште истиот ден почна да коленичи пред Радев. Ставовите на Радев се одамна јасни, со оглед на тоа што тој не е нов на политичката сцена. Јасни се и околу јазикот, идентитетот и историјата и јасно има кажано дека…
Проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати – изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската унија во Брисел, со кој претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Станува збор, потенцира шефот на дипломатијата, за тоа Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на Европа и да се создаде група држави со јасен и кредибилен пат кон членство. Муцунски посочи дека државава постигнала конкретни резултати во спроведувањето на Реформската агенда, особено во последните месеци, нагласувајќи дека е…
ВРЕДИ изразува разбирање за паниката во ДУИ, која произлегува од новата политичка реалност. На 9 мај се потврди спротивното од она што се пропагираше две години: ВРЕДИ не само што не се распадна, туку се обедини во единствен политички субјект. Пет партии во заедничка структура претставуваат историско достигнување и нова, поконсолидирана политичка сила, пишува ВРЕДИ во соопштението. Во овој контекст, и обидите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за обединување на партиите од таканаречената коалиција НАИ во единствен политички субјект, пропаднаа уште на самиот почеток, соочени со јасно одбивање од неговите политички партнери. Тоа е уште еден показател за внатрешната…
Остануваат уште само 20 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформската агенда од страна на Мицкоски. Бидејќи нема никакви реформи Христијан Мицкоски повторно ја активираше добро познатата стратегија за мачкање очи на граѓаните за сопствениот неуспех и неисполнети ветување, велат од СДСМ. Прво намерно заострување на односите со Бугарија, создавање тензии и конфликти, наместо градење позиции за напредок на државата. Второ напад кон СДСМ и лажното обвинување дека некој друг е виновен за тоа што владата не спроведува реформи. Мицкоски тврдеше дека опозицијата ја кочи реформската агенда, за потоа самиот да признае дека за реформите не му е…
