Author: Author 03

Прометот во индустријата вкупно е зголемен за 1,6 процент во февруари годинава во однос на февруари минатата година – објави денеска Државниот завод за статистика. Најголемо влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во индустријата во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 3,1 проценти, Производство на електрична опрема со 4,2 проценти и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место со 17,7 проценти. Прометот во индустријата, вкупно, во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен Енергија, за 2,9…

Повеќе

Најреткиот хороскопски знак ги гледа сите маски. Не обидувајте се да ја измамите Водолијата, нивниот дар е непогрешливо да чувствува сè што сакате да скриете. Водолијата е убедливо најреткиот хороскопски знак чиј дар е непогрешлива интуиција. Астролозите често дебатираат зошто најмалку луѓе се раѓаат кон крајот на јануари и февруари. Статистиката покажува јасен пад на стапката на наталитет во овој краток период. Затоа знакот Водолија е вистински астролошки феномен. Овие луѓе носат специфична енергија што е исклучително ретка. Многумина погрешно мислат дека се ладни или целосно дистанцирани. Вистината е сосема поинаква од тој површен впечаток. Нивната дистанца е само силен…

Повеќе

На 15.04.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шабан Рамети“ во Скопје, Д.Д.(22) од Германија, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска бандера. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка А.Ф.(63), додека со телесни повреди се здобиле другите сопатници Ј.И.(60), Х.С.(56) од с.Рашче, скопско и А.В.(56) од с.Долно Свиларе, скопско, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Повеќе

Транспарентноста и отчетноста претставуваат клучни приоритети во функционирањето на здравствениот систем и континуирано работиме на подобрување на процедурите и зголемување на довербата во здравствениот систем. Согласно извештајот – во здравството уделот на жалбените решенија изнесува 2,43%, што е под вкупниот државен просек од 2,88 отсто. При тоа најголем дел од спорните точки се поврзани со евалуацијата на понудите. Токму затоа Министерството веќе презеде мерки, кои дадоа и први конкретни резултати – за помалку од шест месеци го зголемивме резултатот во системот на интегритет од 34,2% во 2024 на 66,15% во 2025. Во истата насока е и тригодишната набавка на лекови…

Повеќе

Неготинец бил осомничен за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Вчера во 13:40 часот во ОВР – Неготино бил извршен службен разговор со Д.К., на возраст од 21 година од Неготино, поради основи на сомневање за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, казниво по член 350 од Кривичниот законик, односно дека во армискиот полигон Криволак ги имал снимено и фотографирано возилата во конвој на АРСМ…

Повеќе

Законот за високо образование е закон за иднина на државата, квалитет, стабилност и преспектива, посочи премиерот Мицкоски на координативниот состанок кој утрово се одржа во Владата. По бројните критики зазаконот, министрката за образование тврди дека автономијата на универзитетите не е загрозена. Вонредно студирање ќе има, а во академијата нема да се вработуваат само деца на богати. Поддршка дадоа и ректорите на сите универзитети.

Повеќе

– Со над 2 милионa денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село – најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на сакралниот објект, заедно со директорот на Заводот и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, и градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорги Божинов. Љутков истакна дека со овој проект се прави конкретен исчекор во заштитата на културното наследство, нагласувајќи дека: „денес, наместо празни ветувања, постојат конкретни проекти, јасен план и обезбедени средства“. Црквата „Св. Константин и Елена“, изградена во…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против П.Б.(21) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 07.03.2026 во Гостивар, пријавениот физички ја нападнал неговата 53-годишна мајка.

Повеќе

Денес на терен, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за подобрување на инфраструктурата на улицата „Дижон 15“. Проектот опфаќа целосна интервенција во водоводната мрежа и фекалната канализација, со цел подобрување на условите за живот на жителите од оваа зона. Во рамки на проектот ќе се реализира реконструкција на главната водоводна мрежа во должина од 197 метри, како и 25 приклучоци за домаќинствата, додека паралелно ќе се изврши и реконструкција на фекалната канализација во должина од 180 метри. „Инвестираме во основната инфраструктура, таму каде што влијанието е директно врз животот на граѓаните. Со овој проект обезбедуваме…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т.(54) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како градоначалник на општина Делчево, во 2023 и во 2024 година склучил два договори за јавни набавки со економскиот оператор од Кочани, во вредност од по 236.000 денари и двата со важност од една година, во кои за седум производи била понудена нереално ниска цена, односно за 12 пати пониска од другите понудувачи. Пријавениот не побарал дополнително појаснување за таквите невообичаено ниски цени и наместо тоа, ги пречекорил границите на службената…

Повеќе