- ВМРО-ДПМНЕ: Нови работни места и можности за младите – Седум квартали по ред економски раст над 3%
- ВМРО-ДПМНЕ: Со дела покажавме дека земјоделството е еден од највисоките приоритети
- Ја викнал колешката на разговор во училишната библиотека, а потоа ја убил – Ужас во Австрија
- ВРЕДИ: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски
- Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
- ФОТО: Ова е Сара која загина седум дена пред свадбата – Од прослава во Грција, замина во смрт, трагедија во регионот
- Дневен хороскоп: Овеното ќе добие неочекувана покана, Јарецот да внимава на финансиите
- СДСМ до ЗНАМ: Ваша единствена програма е вашиот личен интерес и се вика „џеб“
Author: Author 03
Во свет кој се соочува со бројни економски и глобални предизвици, соработката не е избор – таа е неопходност. А токму платформата за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа претставува пример како преку дијалог, почит и заедничка визија може да се создаваат нови можности за сите, порача денеска од Ѕинан, главниот град на кинеската провинција Шандонг вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ. Во своето обраќање на македонски јазик пред учесниците на 7. состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа и Неделата на соработка и размена на градови…
Во економската зона во Гази Баба, долж скопската обиколница меѓу клучките Хиподром и Сингелиќ, наскоро треба да започне реализацијата на нов агроцентар вреден над 50 милиони евра. радоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски проектот го најави како еден од најзначајните агроинфраструктурни зафати во поновата македонска историја, а според најавите ќе претставува централен логистички пункт за земјоделците од целата држава. Современиот агроцентар ќе опфаќа магацински капацитети, ладилници со современа технологија, линии за сортирање и пакување, модерен дистрибутивен центар, како и инфраструктура за товарни возила и напредни транспортно-логистички системи. Од Општина Гази Баба посочуваат дека проектот има за цел да обезбеди организиран…
Возило во кое се превезувале возач и сопатник попладнево излетало од улицата „Панче Караѓозов“ во Штип, по што заврши превртено во двор од една од куќите. Според очевидци возачот на автомобилот се обидел да избегне и да не удри во жена која сакала да ја премине улицата, по што нагло свртел и изгубил контрола над возилото. Автомобилот излетал од коловозот и завршил превртен на кров во дворот од куќата, пренесува МИА. Возачот и совозачот по несреќата биле пренесени во Клиничката болница во Штип, а според жителите од улицата, тие се наоѓаат во добра здравствена состојба. Причините за несреќата дополнително ќе…
По потпишувањето на Договорот за стратешка соработка меѓу Македонија и Хрватска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека двете земји влегуваат во нова фаза на економско, транспортно и инфраструктурно поврзување, со посебен акцент на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, зголемувањето на трговската размена и отворањето на нови туристички и инвестициски можности. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека односите меѓу двете држави се традиционално блиски и пријателски, потенцирајќи дека политичката соработка дополнително се зајакнува преку партнерството на ВМРО-ДПМНЕ и ХДЗ во рамки на Европска народна партија. „Со Хрватска имаме доста блиска соработка, би рекол…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, идната недела ќе има завршен состанок со министерот за здравство Азир Алиу, на кој, како што информира денеска, заеднички ќе објават кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. По завршувањето на тендерската постапка, нагласи Ѓорѓиевски, веднаш ќе почнеме изградбата на гаражите. – Динамиката ја одредуваме според можностите и капацитетите. Средства предвидовме, направивме ребаланс, но имаме уште неколку постапки што требаше да ги заокружиме – исплатите на Момин Поток, каде што имотноправните односи целосно ги решивме, а и сите граѓани што беа предмет на експропријација се исплатени, таму трасата…
Пејачката Џеси Џеј објави дека е излекувана од рак, една година откако откри дека ѝ е дијагностициран карцином на дојка. Во видео објавено на Инстаграм, пејачката чека магнетна резонанца како дел од нејзиниот годишен преглед. Во описот на објавата, таа напиша: „Резултатите се тука и повеќе немам рак!“, заедно со бројни емотикони за плачење. View this post on Instagram A post shared by Jessie J (@jessiej) Таа додаде: „Плачев со часови, а потоа длабоко воздивнав за првпат по една година“. Пејачката ја откри својата дијагноза на социјалните мрежи минатиот јуни, а подоцна истиот месец беше оперирана. Два месеци подоцна, во…
За многу луѓе, патувањето со авион е пријатно и возбудливо искуство, но турбуленцијата често предизвикува страв. Експертите ги открија правилата што треба да ги следите за да останете безбедни. Турбуленцијата се јавува поради промени во воздушните струи, ветровите, температурата и временските услови, како што се бури или атмосферски фронтови. Иако не можат целосно да се избегнат, патниците можат многу да придонесат за нивната безбедност и порамномерен лет со правилно однесување. Правила на однесување за време на турбуленција во авионНајважно е да останете на вашето седиште кога авионот ќе влезе во турбулентна зона. Станувањето и одењето низ кабината тогаш може да…
Живееме во време на сè почести сајбер закани, големи технолошки неуспеси и страв од хибридна војна. Токму затоа Националната банка на Данска испрати необична, но јасна порака до граѓаните – готовината мора повторно да се користи. Данските власти објавија препораки за граѓаните и бизнисите да се подготват за можни големи кризи што би можеле да ги парализираат дигиталните плаќања и клучната инфраструктура. Како што објавија данските медиуми, предупредувањето следело по неколку сериозни инциденти што покажале колку се зависни модерните општества од технологијата и колку брзо може да се појави хаос кога системите ќе престанат да работат. Директорот на Националната банка…
Погребот на првенецот на Македонската опера и балет, баритонот Ристе Велков, ќе се одржи утре, 23 мај 2026 година, на гробиштата во Нерези, известија од НОБ. Капела во 15.00 часот, погребна церемонија во 16.00 часот. -Со длабока почит и тага ќе се простиме од нашиот колега, уметник и пријател, чиј исклучителен глас и уметничко творештво оставија неизбришлива трага во македонската оперска уметност, стои во објавата. Оперскиот баритон Ристе Велков (51), неговиот син Адам Велков и другарите Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов (сите на возраст од 20 години) се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница…
Мировните преговори со цел ставање крај на војната во Украина во моментов се во застој поради недостаток на напредок, потврди американскиот државен секретар Марко Рубио. Тој нагласи дека Вашингтон привремено се повлекува од актуелните дипломатски напори, но останува отворен за повторно посредување доколку се променат условите на теренот. Говорејќи пред новинарите на маргините на самитот на министри за надворешни работи на НАТО во Шведска, Рубио појасни дека САД се вклучиле во директните дипломатски напори бидејќи и Москва и Киев го гледале Вашингтон како клучен посредник. Сепак, тој изрази фрустрација од досегашниот тек на состаноците кои не донеле конкретни резултати. „Се…
