Author: Author 03

Водителот и шоумен Миро Кацаров е поставен за в.д. директор на Универзална Сала во Скопје. Според податоците објавени во Централниот Регистар, Кацаров ќе биде вршител на должноста директор, а назначен е од актуелниот скопски градоначалник – Орце Ѓорѓиевски. Почетокот на изградбата на објектот беше означен кон крајот на април годинава, а се очекува тој да биде финализиран до крајот на 2027 година. Претходно оваа функција ја извршуваше Горјан Христовски.

Повеќе

Разбираме дека Дејвид Гета не му е по вкусот на Филипче кој го преферира Харис Џиновиќ, но разликата помеѓу Дејвид Гета на Стадион, достапен за сите граѓани и Харис Џиновиќ на приватна журка на Филипче и Заев во Дубаи платен со крадени пари од граѓаните е евидентна и огромна.  Срамно е што СДС е и против прослава на независноста на Македонија, очигледно го чекаат славјето на денот за независност на Бугарија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ испратена до медиумите.

Повеќе

Некои хороскопски знаци потешко одолеваат на убави предмети, трендови и импулсивни купувања, особено кога нешто им изгледа естетски, забавно или како мала награда. Некои хороскопски знаци потешко одолеваат на убави предмети, трендови и импулсивни купувања, особено кога нешто им изгледа естетски, забавно или како мала награда. Сите понекогаш купуваме нешто што реално не ни е потребно. Маичка што ќе ја облечеме еднаш, украс за дома што „морало“ да го имаме или ситница што во моментот ни изгледала преслатко. Но, според астрологијата, некои хороскопски знаци почесто паѓаат на импулсивни купувања и потешко велат „не“ кога нешто ќе им го привлече вниманието.…

Повеќе

Иако кафето има многу докажани здравствени придобивки, некои вообичаени грешки при пиење кафе можат да влијаат на вашите нивоа на енергија, сон, хидратација и целокупно здравје. Всушност, неколку мали промени во вашата редовна рутина за пиење кафе можат да ви помогнат да ги искористите максималните здравствени придобивки. Пиење кафе предоцна во денот Пиењето кафе предоцна во денот може да влијае на вашиот сон со нарушување на способноста на вашето тело да заспие или да остане заспано. Ова е затоа што ефектите на кофеинот, природен стимуланс во кафето што влијае на централниот нервен систем, може да траат неколку часа. Студиите покажаа…

Повеќе

Реформи во судството може да има само со целосна департизација и деполитизација. Најдобрите правници не се таму. Кога правите луѓе ќе се најдат на правите места, мислам дека се ќе функционира. Ние имаме некои интересни критериуми. Проблемот е системски, но со новата регулатива се остава простор за градење нов систем, рече вечерва претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во гостувањето на МРТ по повод две години од нејзиниот мандат, Сиљановска-Давкова истакна дека е изненадена од одлуката на Обвинителството да ја затвори постапката за ТЕЦ „Неготино“, додека за случајот со поранешниот премиер Никола Груевски очекува разрешница. Во однос, пак, на Уставниот суд, претседателката гледа…

Повеќе

„По вчерашната изјава на Тимчо Муцунски дека НАТО е феноменална работа (иако ВМРО не сакаше да гласа за тоа), сега и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека Преспанскиот договор го потврдува македонскиот национален идентитет! Дали е ова доволен доказ дека СДСМ е најдржавотворната партија? Дали сега е јасно кој се предавниците? “, пишува лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Повеќе

Република Српска го очекува доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин за осветувањето на руско-српскиот храм во Бања Лука, изјави претседателот на СНСД, Милорад Додик. Додик вели дека храмот е практично завршен и дека сè уште има останато сликарство. „Тоа ќе биде место каде што рускиот и српскиот свет ќе се сретнат и ќе го промовираат нашето братство и заедничката историја и вера“, рече Додик, кој неодамна беше во Москва каде што присуствуваше на прославата на Денот на победата. Тој потсети дека храмот во Бања Лука е изграден според проектот на црквата во Кремљ, кој го добиле од Руската православна црква.

Повеќе

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, не може министерот да е одговорен за појавата на глувци во студентски дом – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска откако во некои од медиумите излегоа информации дека во блок Б од овој студентски дом има глувци и нема топла вода. – Студентскиот дом си има директор, повторно ќе интервенираме и ќе кажеме дека треба да повика служба за дератизација и дезинфекција, но со задоволство ќе кажам дека од 1 октомври двата нови студентски дома веќе ќе бидат во функција и ќе бидат од висока А-категорија. Таму ќе може да се…

Повеќе

Амбициите на претседателот Доналд Трамп за неговата средба со кинескиот лидер Си Џинпинг се сведени од објавување на „голем договор“ на апел за помош за повторно отворање на Ормутскиот теснец и залагање за помали трговски договори. Претседателот Доналд Трамп пристигнува во Пекинг во улога на која не е навикнат – како молител кој бара услуги, пишува Политико . Белата куќа соопшти дека средбата на Трамп со кинескиот лидер Си Џинпинг во четврток и петок ќе се фокусира на трговијата, фентанилот и војната со Иран – сите области каде што администрацијата на Трамп имаше мал успех во обезбедувањето договори или отстапки од Кина.…

Повеќе

Стабилна е состојбата на ученикот кој беше прободен во училишен тоалет во Ченто. Детето и понатаму е на респиратор, но лекарите за Сител потврдија дека веќе е започнат процесот на негово постепено будење. „Состојбата постоперативно е стабилна. Детето е се уште на респиратор што значи на машина за дишење. Денес е направен конзилијарен преглед од тимовите што ја извршија операцијата и дадена е насока полека да се буди детето, да се намали седацијата. Сега, за сега ќе остане, додека не биде спремно за пуштање“, изјави д-р Игор Мерџановски, директор на ТОАРИЛУЦ. За случајот известен е јавен обвинител од Одделението за…

Повеќе