Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Петрушевски: Со уставните измени се отвора Пандорината кутија, тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче

    Петрушевски: Со уставните измени се отвора Пандорината кутија, тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче

    12.06.2026 во 12:511 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати сериозни обвинувања до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со прашањето за уставните измени.

    Од владејачката партија реагираат дека договорот потпишан од претходната власт е штетен за државните позиции, а истовремено ги штити туѓите интереси.

    Петрушевски потенцираше дека евентуалното отворање на Уставот под сегашните услови со себе носи долгорочни ризици за македонскиот идентитет.

    „Со уставните измени се отвора пандорината кутија, а тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Според партијата, прифаќањето на овие услови без дополнителни гаранции би значело почеток на низа процеси кои директно задираат во историските и јазичните посебности.

    „Првиот чекор се уставни измени, а потоа би следеле национални и идентитетски отстапки, редефинирање на историјата и негирање на јазикот“, предупредува Петрушевски.

    Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека претставниците на минатата власт потпишувале штетни договори со цел да се задржат на политичките позиции и да го сокријат сопствениот криминал.

    Петрушевски додаде дека над 80 проценти од граѓаните во моментов даваат целосна поддршка на меѓународната политика што ја води актуелната влада.

    Тој ја заврши прес-конференцијата со став дека поради ваквите чекори, опозициската партија СДСМ се соочува со континуиран пад на довербата кај гласачкото тело.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.