Author: Author 03

Во 15.15 часот во дворот на училиштето Петар Поп Арсов во Скопје е изгубена повозрасна жена. „Изгубена е мајка ми. Изгледа како на сликава, со истите розови тренерки и блуза на црно бели пруги. Број за контакт 070/399-945“. Кој ќе ја забележи веднаш да се јави на полиција или на телефонскиот број

Повеќе

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) информира дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата почнувајќи од 15 јуни на наплатните станици (патарините) лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за користење од страна на корсници со електронски тагови. Со таа измена, соопшти денеска ЈПДП, вршењето на наплата со MCard на тие ленти се укинува. Корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена. ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред…

Повеќе

На меѓународните берзи денеска е регистриран раст на цената на нафтата по новиот американски напад врз Иран. На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше 104,56 долари, што е за 4,21 долари повеќе во споредба од вчера. Додека на американската берза цената на нафтата се намали за 2,24 долари и барел се тргуваше за 94,36 долари. Американската берза вчера беше затворена поради празник.

Повеќе

Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој истакна дека актуелната власт успеала да го запре, како што рече, „падот на државата“ и веќе ги дава првите резултати преку реализација на капитални проекти. Според Јаревски, граѓаните имаат можност транспарентно да ја следат реализацијата на проектите преку новиот портал каде во реално време може да се видат капиталните инвестиции, динамиката на реализација и потрошените средства. „Сведоци сме на една искрена и чесна генерација на политичари коишто успеаја да го запрат падот на државата, а може веќе да ги видиме првите резултати со…

Повеќе

После изјавата на Мицкоски дека за ЕУ „ќе чекаме децении“ денеска им порача на граѓаните дека треба „да ја платиме цената“ што нема да станеме членка на Унијата. Нема поголемо признание од ова дека Мицкоски не сака членство во ЕУ, велат од СДСМ. Како што кажавме. Граѓаните се заложници на криминалот и корупцијата на Мицкоски и неговиот страв од одговорност. Граѓаните ќе ја платат цената, нивните семејства и нивните деца. Најскапата цена ја платат младите кои ќе продолжат да се иселуваат. Додека Мицкоски им порачува на граѓаните дека треба да ја платат цената за децениско чекање за членство во ЕУ…

Повеќе

„Треба да знаеме дека во наредните три години ние како држава треба да вратиме шест милијарди евра стари долгови, а во наредните од 2026-2031 некаде отприлика 9 милијарди евра долгови, коишто без исклучок сите се земени од претходната влада. И токму голем дел од овој заем ќе биде за потпирање и за враќање на стариот долг, а во јуни месец треба да ја исплатиме втората транша од еврообврзницата од 700 милиони евра којашто е земена во 2020 година. Во претходниот мандат кога СДС беше на власт од 2020 до 2024 во Собранието се пристигнати 28 закони за задолжување и без…

Повеќе

Највисоки казни и барање за одземање на лиценци по свлечиштето на булеварот „Теодосиј Гологанов“. Инспекциските служби во вонредниот надзор констатирле сериозни неправилности на градилиштето, како и свлечиште на земјиштето кое предизвикало оштетување на коловозот, тротоарите, канализационата мрежа и уличното осветлување. Инспекциските служби утврдија дека постои свлечиште на земјиштето, по што веднаш се изречени најстроги законски казни и санкции согласно Законот за комунални дејности, поради непочитување на законските обврски и предизвикување штета врз јавната инфраструктура. Дополнително, од страна на градежниот инспектор на Општина Центар ќе биде побарано одземање на лиценците на одговорните лица вклучени во изградбата, а Општина Центар ќе побара…

Повеќе

Кејт Мидлтон откри навика поради која нејзиното семејство честопати ја задева, а принцот Вилијам и децата понекогаш буквално ја напуштаат. Кејт Мидлтон секогаш изгледа смирена, елегантна и совршено во склад со кралскиот протокол. Многумина веруваат дека некои членови на британското кралско семејство би можеле многу да научат од неа. Сепак, се чини дека саканата принцеза има и навика што често ја тера да биде задевана во палатата. Таа првпат јавно проговори за тоа во 2016 година, за време на прославата на јубилејот на кралицата Елизабета. Во тоа време, таа призна дека нејзиното семејство често ја „кажува“ затоа што премногу зборува…

Повеќе

Вооружени турски борбени авиони продолжиле со нарушувања на грчкиот национален воздушен простор, а еден инцидент довел до симулирана воздушна борба помеѓу два грчки Ф-16 и два турски Ф-16 во областа помеѓу островите Лемнос и Лезбос, тврдат грчките власти. Според овие информации, средбата била трета ваква пресметка од почетокот на 2026 година. Претходните инциденти биле регистрирани на 26 март и 12 мај, по претходната конфронтација во декември 2025 година. Пред неодамнешната серија пресметки, последните симулирани воздушни борби се случиле во февруари 2023 година, пред земјотресите во југоисточна Турција и почетокот на помирен период во Егејското Море. Грчките власти соопштија дека во…

Повеќе

Шефот на ерменската дипломатија Арарат Мирзојан и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Ереван потпишаа договор за стратешко партнерство помеѓу двете земји. Тие потпишаа и рамковен договор за критични минерали и договор за соработка за предложен транзитен коридор од 43 километри што би поминувал низ јужна Ерменија и Азербејџан за да обезбеди директен пристап до нејзината енклава Нахчиван, а со тоа и до Турција, близок сојузник на Баку. Рубио беше во куса посета на Ерменија пред парламентарните избори, што се закажани на 7 јуни. Партијата на премиерот Никол Пашинијан, Граѓански договор се стреми за поблиски врски со Западот, додека…

Повеќе