Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан
    • Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
    • СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа
    • Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
    • Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД 
    • Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек
    • Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк
    • Започнува зимското сметање на времето: Ноќеска се враќаат стрелките на часовникот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јаревски: Пет квартали по ред бележиме економски раст, капиталните инвестиции даваат резултати

    Јаревски: Пет квартали по ред бележиме економски раст, капиталните инвестиции даваат резултати

    26.05.2026 во 20:063 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој истакна дека актуелната власт успеала да го запре, како што рече, „падот на државата“ и веќе ги дава првите резултати преку реализација на капитални проекти.

    Според Јаревски, граѓаните имаат можност транспарентно да ја следат реализацијата на проектите преку новиот портал каде во реално време може да се видат капиталните инвестиции, динамиката на реализација и потрошените средства.

    „Сведоци сме на една искрена и чесна генерација на политичари коишто успеаја да го запрат падот на државата, а може веќе да ги видиме првите резултати со динамичната и посветена реализација на проектите, можеме да го отвориме и новиот портал што беше промовиран пред десетина дена каде буквално секој капитален проект, динамиката на неговата реализација, средствата што се потрошени во реално време може да се следи, во моментот течат повеќе од 1150 проекти во локалната самоуправа, каде граѓаните можат на најдиректен начин да ги видат, од првиот и од вториот повик. Првиот повик е веќе близу деведесет и некој процент, вториот повик осумдесет и четири проценти од проектите веќе во поодмината фаза каде што се извршени проектите, спроведени постапките за тендерирање, воведени во работа“, вели Јаревски.

    Тој оцени дека динамиката на реализација е задоволителна и дека тоа веќе дава резултати во економијата. Во однос на задолжувањето, Јаревски посочи дека не е проблем државата да зема кредити доколку тие средства се користат за развојни проекти. Притоа, тој ја критикуваше претходната власт, обвинувајќи ја дека ја задолжила државата без реализација на значајни проекти и без напредок кај инфраструктурните зафати.

    „Има динамика која што е задоволителна и тоа си дава резултати, не е ништо страшно да се влезе во процесот да се земе кредит со цел да се реализира нешто тоа е впрочем во секој буџет си има дефиниран дефицит што се финансира од дома а што од задолжување, и никогаш не е проблем доколку развојот на државата го надмине задолжувањето. И тоа е клучната разлика во однос на периодите со СДС. Тие успеаја во нивниот период да не задолжат повеќе од сите генерации наназад, сетете се барем на 5 проекти кои оставиле силно значење, или еве дури и тие што ги отпочнаа стоеја така,  немаше движење на автопатите, имаше нерешени имотно правни спорови, недефинирана траса итн.“, рече Јаревски и додаде:

    „За разлика од нив сведоци сме на една динамика на реализација на истите, не е ни чудо што веќе последователно 5 квартали имаме еден сериозен степен на раст, минатата година завршивме со 3,5% со сите потешкотии од опкружувањето.  Ќе продолжиме уште по посветено, по динамично со цел да надополниме она што беше испуштено претходно“.

    Прочитај повеќе

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11

    Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

    24.10.2026 во 12:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.