Страшна сообраќајна несреќа го разбуди Скопје кога утринава во 05 часот и 30 минути, се судриле камиони на скопската обиколница, кај Мирковци.
Како што јавува Скопје1, во несреќата учествувале две товарни возила, при што едниот возач се здобил со полесни повреди, а едниот камион бил смачкан.
Сообраќајот бил отежнат во овој дел по несреќата.
Се врши увид.

