Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

    Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

    17.06.2026 во 09:142 Mins Read
    Принтскрин, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во малото грчко село Нивици (Псарадес), на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа, со кој беше ставен крај на долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји.

    Со договорот, тогашната Република Македонија го промени своето уставно име во Република Северна Македонија, Грција го призна македонскиот јазик и македонскиот идентитет, а земјата стана членка на НАТО. Воедно, значително се интензивираше и билатералната соработка со јужниот сосед.

    Договорот беше резултат на неколкумесечни интензивни преговори меѓу двете страни, во период кога во Грција на власт беше СИРИЗА, а во Македонија СДСМ. Документот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и посредникот Метју Нимиц и високи претставници на Европската Унија и меѓународната заедница.

    Нешто повеќе од три месеци по потпишувањето, на 30 септември 2018 година, граѓаните беа повикани на референдум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

    Излезноста на референдумот изнесуваше 36,91 отсто, при што 91,47 проценти од излезените гласаа „за“, а 5,64 проценти „против“. Сепак, референдумот не беше успешен, бидејќи не беше достигнат потребниот цензус од над половина од вкупниот број запишани избирачи.

    Договорот од Преспа беше резултат на преговори што траеја речиси 27 години, со различен интензитет, периоди на застој и повторно активирање, особено по 2017 година кога процесот доби нова динамика и доведе до конечното решение.

    И покрај промените на власт во двете земји, договорот остана на сила и во изминатите години придонесе за засилена соработка во повеќе области, меѓу кои економијата и енергетиката. Атина останува силен поддржувач на европската перспектива на земјите од регионот, вклучително и на Северна Македонија.

    Во октомври 2021 година, претседателот Стево Пендаровски беше првиот македонски шеф на државата кој ја посети Грција, додека во април 2019 година тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас престојуваше во Скопје, што беше прва посета на грчки премиер по потпишувањето на договорот.

    Сепак, во последниот период се забележува отсуство на билатерални средби на највисоко ниво меѓу актуелните политички лидери на двете земји, како и непостоечки или одложени официјални посети на државно ниво.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа

    17.09.2026 во 21:39

    Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата

    17.09.2026 во 20:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.