Close Menu
Press24
    Најново

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46

    Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото

    09.06.2026 во 23:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет
    • Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“
    • Овие три хороскопски знаци ќе пливаат во богатство до крајот на летото
    • ЕУ подготвува шок-правила за Балканот: Германија и Франција бараат новите членки привремено да немаат право на глас
    • Украинците ги засилуваат нападите на Крим: Ова е нивната главна цел втора ноќ по ред
    • Хаос во Белфаст: Запален автобус и брутални антиимигрантски немири по крвавиот напад со нож
    • Филмска измама во Канада: Пилот летал патнички авиони 17 години без дозвола на над 900 летови
    • Нова експлозија на автомобил-бомба во близина на Москва: Загина маж, се сомнева дека е висок офицер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рубио: САД се повлекуваат од преговорите за Украина, нема да учествуваме во состаноци кои не водат никаде

    Рубио: САД се повлекуваат од преговорите за Украина, нема да учествуваме во состаноци кои не водат никаде

    22.05.2026 во 22:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мировните преговори со цел ставање крај на војната во Украина во моментов се во застој поради недостаток на напредок, потврди американскиот државен секретар Марко Рубио. Тој нагласи дека Вашингтон привремено се повлекува од актуелните дипломатски напори, но останува отворен за повторно посредување доколку се променат условите на теренот.

    Говорејќи пред новинарите на маргините на самитот на министри за надворешни работи на НАТО во Шведска, Рубио појасни дека САД се вклучиле во директните дипломатски напори бидејќи и Москва и Киев го гледале Вашингтон како клучен посредник. Сепак, тој изрази фрустрација од досегашниот тек на состаноците кои не донеле конкретни резултати.

    „Се вклучивме бидејќи ни беше качено дека сме единствените кои можат да го направат тоа. Бевме единствените со кои и Русите и Украинците би разговарале. Затоа се вклучивме. За жал, тие не беа плодоносни. Подготвени сме да продолжиме да ја играме таа улога“, изјави Рубио.

    Американскиот шеф на дипломатијата децидно ги демантираше гласините дека Белата куќа врши притисок врз Киев за прифаќање на одредени отстапки.

    „Приказните кои се шират дека ги принудувавме Украинците да заземат одреден став не се точни“, истакна тој, додавајќи дека поддршката на САД за Украина останува непроменета.

    Според него, администрацијата на претседателот Доналд Трамп нема намера да троши време на формални средби без суштина, бидејќи крајниот излез од конфликтот мора да биде дипломатски, а не воен.

    „Нема да заврши со воена победа на едната или на другата страна, барем не од традиционална гледна точка на дефиницијата за воени победи. Затоа, тие ќе мора да водат преговори, а ако ние можеме да одиграме улога во тоа, претседателот е многу заинтересиран. Подготвени сме да одиграме каква било конструктивна улога… Исто така, не сме заинтересирани да влегуваме во бесконечен циклус на состаноци кои не водат никаде“, заклучи Рубио.

    Прочитај повеќе

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.