Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Уште 20 дена до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за реформската агенда

    СДСМ: Уште 20 дена до неисполнување на ветувањата на Мицкоски за реформската агенда

    11.05.2026 во 09:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Остануваат уште само 20 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформската агенда од страна на Мицкоски.

    Бидејќи нема никакви реформи Христијан Мицкоски повторно ја активираше добро познатата стратегија за мачкање очи на граѓаните за сопствениот неуспех и неисполнети ветување, велат од СДСМ.

    Прво намерно заострување на односите со Бугарија, создавање тензии и конфликти, наместо градење позиции за напредок на државата.

    Второ напад кон СДСМ и лажното обвинување дека некој друг е виновен за тоа што владата не спроведува реформи.

    Мицкоски тврдеше дека опозицијата ја кочи реформската агенда, за потоа самиот да признае дека за реформите не му е потребна опозицијата.

    Работите се јасни. Мицкоски има апсолутно мнозинство во Собранието, нешто што самиот постојано го повторува. Како што без консензус ја укина техничката влада, така може сам да ги донесе и сите останати закони и реформи.

    За тоа СДСМ не му е потребен. СДСМ му треба само како алиби за сопствениот неуспех и за фактот дека не ги исполнува условите за продолжување на преговорите и отворање на европските поглавја.

    Тоа е целата вистина. Мицкоски многу лаже.

    Како што ветуваше дека ќе го укине Преспанскиот договор без да каже дека тоа значи излегување од НАТО, како што ги лажеше граѓаните дека ќе го врати името во БЈРМ или ФИРОМ, како што лажеше дека македонскиот идентитет е загрозен, така и денес повторно лаже.

    Тогаш Мицкоски клечеше и молеше за власт, а денес Македонија е на колена.

    Мицкоски не сака Европска Унија.

    Не сака европски правила, не сака европско обвинителство и европска контрола, затоа што тогаш нема да може да функционира системот на криминал, тендери и злоупотреби, туку ќе мора да има одговорност.

    Затоа ги држи граѓаните како заложници на интересите на криминалната група околу него.

    Но времето на лагите изминува, додаваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.