Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Се распаѓа ВМРО – имаат внатрешни конфликти, Сотир се повлече

    СДСМ: Се распаѓа ВМРО – имаат внатрешни конфликти, Сотир се повлече

    11.05.2026 во 09:451 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    После распадот на ЗНАМ, напуштањето на претеникот Цеков и советничката во Прилеп, започнува распад и во самата ВМРО-ОКГ, обвинуваат од СДСМ.

    Криминалната организација на Христијан Мицкоски е зафатена од сериозни внатрешни конфликти, фракции поврзани со Никола Груевски, внатрешна чистка со отстранување на сите потпретседатели, заминување на градоначлникот Сотир Лукровски.

    Очигледно е дека Лукровски не сакал да биде дел од шеми поврзани со урбанистички планови, легализации, градежни интереси и сомнителни финансиски трансфери кои ги турка Мицкоски.

    Луѓето почнуваат да сфаќаат дека биле злоупотребени и вовлечени во систем на криминал, злоупотреби и корупција за кој наскоро ќе мора да се одговара.

    Дали бизнис шемите за така наречниот проект „Скопје на Вода“ по примерот на „Белград на вода“ ја прелеале чашата многу бргу ќе се дознае.

    Но јасно е дека сѐ повеќе членови и функционери и во ЗНАМ и во ВМРО се свесни дека по падот на Орбан започнуваат сериозни истраги за политичко-криминалните мрежи во регионот.

    ЗНАМ, како сателитска групација создадена од отпадници од СДСМ, предводена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски, веќе се распаѓа. Сега истото му се случува и во ВМРО-ОКГ, дополнуваат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.