Close Menu
Press24
    Најново

    Несреќа во Македонија: Пензионер прегази 84-годишна жена

    08.07.2026 во 08:46

    Драма во скопско: Извадил пиштол и почнал да се заканува

    08.07.2026 во 08:38

    Тешка сообраќајка во Македонија: Двајца возачи повредени, 18-годишник возел без дозвола

    08.07.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Несреќа во Македонија: Пензионер прегази 84-годишна жена
    • Драма во скопско: Извадил пиштол и почнал да се заканува
    • Тешка сообраќајка во Македонија: Двајца возачи повредени, 18-годишник возел без дозвола
    • Случајот што ја потресе Македонија – Утре судење на серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Топло од рано наутро, температурите во 8 часот – УХМР со предупредување за попладне
    • До 10 компании ќе добијат поддршка за финансирање преку Македонската берза
    • Ќе нема струја – Најавени исклучувања во 6 скопски општини
    • Марта Кос денеска во Скопје: Во фокусот европскиот пат и реформите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Државниот врв на увид на Коридор 8: Автопатите се градат со добра динамика

    Државниот врв на увид на Коридор 8: Автопатите се градат со добра динамика

    11.05.2026 во 12:023 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски вршат посета на инфраструктурните проекти што се реализираат на западниот дел на Коридор 8.

    По увидот на градежните работи на автопатот Тетово-Гостивар и Гостивар Букојчани, вицепремиерот Николоски истакна дека градежните работи се одвиваат со потребната динамика. Сите предизвици на трасата се решаваат со добра координација меѓу институциите, а Владата на изведувачот му овозможи отворен фронт за работа на цела траса.

    “Ние многу често зборуваме за овие проекти во нашите јавни настапи, на прес-конференции, на интервјуа, еве сега да се види во живо. Веќе едната секција ја поминавме, автопатот од Тетово до Гостивар, во јавноста некако прифатена перцепција дека тоа е автопат, но во суштина тоа е експресен пат и прв пат на оваа делница ќе се изгради автопат. Втората делница е она на која што сме сега. Нешто што мислам дека за многумина беше незамисливо, а тоа е дека било кога ќе има автопат кој што ќе ја заобиколи Стрaжа и најтешкиот дел од поврзувањето со Охрид и со Струга и целиот Коридор 8. Но можете да видите тука пред нас како интензивно се работи на мостови, на пробивање на автопатот, на косини, навистина се прават исклучително инженерски работи. Како Влада правиме се за да дадеме можност на компаниите кои што се изведувачи што поскоро да ги завршат овие проекти и да можат граѓаните да ги користат. Ова е многу значајно и за БДП, горд сум што во третиот квартал минатата година растот во градежништвото беше 21%, четвртиот квартал 16,7%. Очекуваме добри резултати за првиот квартал, оваа година и да продолжи така во следниот период” -истакна вицепремиерот Николоски.

    Тој потенцира три предизвици во делот на изградбата на овие делници. Едната се однесува на дислокација на телекомуникациските меѓународни и внатрешни водови, електрични инсталации и водоснабдувањето за Полог.

    “ Вториот дел, за жал, морам да кажам дека претходната Влада две години немаше сработено ништо. Ова не е мое тврдење или на примериот или на директорот на ЈПДП.  За ова во ноември месец добивме официјално известување од страна на надзорниот инженер, кој што побара да се продолжи рокот за завршување на проектот за најмалку две години. Заради тоа што мораа да се компензираат тие две години кои што се изгубени со предходната Влада и ние тука немаме избор освен тоа да го направиме, така што ќе одиме на рок, најмалку до декември 2029 година, што не значи дека нема да се завршува проектот и порано”- рече Николоски.

    Дополни дека важен сегмент е и поврзување со општините кои гравитираат по трасата на автопатот. 

    По обиколка на  овие автопатски делници, ќе се изврши увид и во изградбата на “Галериите” на трасата на автопатот Охрид-Кичево, рехабилитација на превојот Пресека, како и клучката Требеништа која неодамна беше пуштена во употреба.

    Прочитај повеќе

    До 10 компании ќе добијат поддршка за финансирање преку Македонската берза

    08.07.2026 во 08:13

    Top Employers Institute: Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026

    07.07.2026 во 12:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.