Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Министерот за култура: Никој нема да биде отпуштен од работа

    Министерот за култура: Никој нема да биде отпуштен од работа

    11.05.2026 во 13:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на националните културни установи подразбира фузирање на одредени институции, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, образложувајќи сегмент од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030 кој се однесува на автономијата во културата и предвиденото преобликување на мрежата на установите.

    Има манифестации, рече Љутков, што работат три дена во годината, а во планот за вработување, со систематизацијата, за нив се предвидени по 25 до 30 работни места. Битно е, нагласи, тие да не се „угаснат“, туку да продолжат да функционираат, но во рамки на други институции, како одделенија или сектор.

    -Нема да има укинување на институциите во културата, туку нивна современа реорганизација. Оптимизацијата на националните установи значи фузирање на одредени институции што немаат капацитет да продолжат да работат, со друга установа која има потреба од таков вид услуга. Не се отпуштаат носителите на дејности, напротив, ќе се зголемува бројот на вработени, посебно фокусот ќе бидат стручните кадри, а не административниот кадар. Никој нема да биде отпуштен од работа. Едноставно, едната институција се фузира со другата и со заеднички сили ќе функционираат многу подобро, а нашиот фокус ќе биде стручниот кадар во културата. Примерот веќе го има и во Националната стратегија и во документот за реорганизација. Неколку, дел од новите што се формирани пред, ми се чини дека во 2023 година, формирани без консултација и стручна анализа и потреба зошто се формираат, се останати на по еден вработен, а тие реално се дел од манифестациите. Значи, имате манифестација што работи три дена во годината, а во планот за вработување, со систематизацијата некаде 25 до 30 работни места. Значи, за нас е многу поважно таа институција да не се угасне, туку да влезе под одредена веќе постоечка институција како одделение или како сектор во рамки на институцијата. Верувајте, ќе функционира многу подобро отколку вака независно и самостојно – објасни Љутков, одговорајќи на новинарско прашање.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација

    28.10.2026 во 21:16

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.