Author: Author 03

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вечерва дека размислува за исклучок на Унгарија од американските санкции поврзани со руските јаглеводороди. Изјавата ја даде за време на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белата куќа. – Размислуваме за тоа, затоа што нему му е многу тешко да набавува нафта и гас од други региони. Како што знаете, тој нема пристап до море, рече американскиот претседател пред новинарите на почетокот на разговорот. Трамп ја повика Европа да „ја почитува Унгарија и нејзиниот лидер Орбан“.

Повеќе

Чисто Скопје – чиста Кисела Вода! Поддршка за сите кои неуморно од вчера активно учествуваат во акцијата за собирање смет низ сите населени места. Акцијата продолжува и вечерва – кога се сака, сè се може! Испразнивме преполни контејнери и покажавме дека заедно можеме да направиме вистинска промена! Напиша на Фејсбук градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменскоска Трајкоска.

Повеќе

САД станаа втората земја по Израел што одби да учествува во ревизијата на Обединетите нации за својата евиденција за човекови права, оставајќи ги празни своите места на денешната седница на работната група на Советот за човекови права во Женева. Вашингтон, исто така, не достави национален извештај пред состанокот, што групата формално го забележа како „недостиг на соработка“, пренесе ДПА. Иако одлуката нема непосредни последици, работната група ги покани САД да се приклучат на процесот подоцна. Во соопштение, американската мисија во Женева изјави дека ОН „лажно се претставуваат дека се грижат за човековите права“, обвинувајќи ја организацијата дека им дозволува на…

Повеќе

На 06.11.2025 година во 19:45 часот во ПО Теарце, 54-годишен маж од с.Одри, заедно со неговиот 13-годишен малолетен син, пријавија дека истиот ден околу 18:45 часот, додека неговиот малолетен син бил заедно со неговите другари од селото и седеле во дворот на основното училиште во селото, непознато лице кон нив фрлило тврд предмет и му нанело телесни повреди на неговиот син, констатирани во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Судија на претходна постапка, по произнесување на петмината осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата, кои попладнево беа спроводени во Основниот кривичен суд Скопје, донесе решенија – мерка притвор од 30 дена за четворица од нив, а за едно лице мерка куќен притвор. Како што информираа од Кривиченза лицата Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. е прифател предлогот и на сите четворица им е определена мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од точките 1, 2 и 3 односно „Опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото“. За петтоосомничената Ј.К Судот го прифати променетиот предлог на…

Повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го пречека премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во Белата куќа во Вашингтон. Состанокот, означен како симбол на блиските односи меѓу САД и Унгарија, доаѓа во момент кога Орбан се обидува да зајакне дипломатски контакти со Вашингтон и да промовира идеја за мировен дијалог меѓу Западот и Русија. Двајцата лидери, кои се познати по своите конзервативни ставови и слични политички пристапи, разговараа за безбедносните прашања во Европа, миграцијата, енергетската соработка и тековните геополитички предизвици поврзани со војната во Украина. Средбата беше проследена со национални знамиња на САД и Унгарија, а во официјалната изјава Белата куќа порача…

Повеќе

Тимот вклучува искусни политички фигури и ветерани од актуелни и поранешни демократски администрации, како и од тимот на поранешниот претседател Џо Бајден, пренесува MSNBC. Лина Кан – поранешна шефица на Федералната трговска комисија (FTC) Кан, позната по својата борба против големите корпорации како Amazon и Meta, беше на чело на FTC во администрацијата на Бајден. Под нејзино раководство, Комисијата покрена тужби против овие компании поради монополистички практики. Таа се залагаше и за намалување на цените на лековите на рецепт. Кан поднесе оставка веднаш по преземањето на функцијата од страна на Доналд Трамп, а нејзиниот портпарол потврди дека тоа било доброволно. Мелани…

Повеќе

Германија ќе го поддржи новиот мултимилијардерски фонд што го иницира Бразил за заштита на тропските шуми и ќе придонесе со „значителна сума“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц на самитот што се одржа пред почетокот на клучните климатски разговори. Мерц зборуваше на состанокот на шефови на држави и влади во Белем, на работ на Амазонската прашума, непосредно пред отворањето на Конференцијата на ОН за климатски промени (КОП30) што започнува во понеделник. Фондот, наречен Tropical Forest Forever Facility (TFFF), официјално беше претставен вчера и веќе доби поддршка од 53 земји, меѓу кои 19 потенцијални државни инвеститори, соопшти Бразил. – Тие истовремено се…

Повеќе

По инцидентот во кој мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум беше малтретирана во јавност, нејзината влада денеска го претстави новиот план за борба против сексуалното вознемирување. Според најавите, делото ќе биде класифицирано како тешко кривично дело во сите сојузни држави на Мексико. Планот предвидува кампања за охрабрување на жртвите да ги пријавуваат случаите и подобрување на пристапот до правда за сите засегнати. – Сите жени, адолесцентки и девојчиња треба да знаат дека не се сами, изјави министерката за женски прашања Ситлали Ернандес Мора. – Ако доживеат каква било форма на насилство, важно е тоа да го пријават, рече таа и ги повика…

Повеќе