Author: Author 03

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во Лондон го потпишаа Договорот за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонија и Велика Британија. Договорот ја отвора можноста за воспоставување на нови директни авиолинии меѓу двете земји, а со тоа и зголемување на бројот на туристи од Велика Британија. Овој Договор се потпиша на иницијатива на Велика Британија и претставува нова правна рамка со која се уредуваат односите во делот на редовниот воздушен сообраќај помеѓу двете земји. Како што истакнаа двајцата министри, преку Договорот се овозможува поголема слобода и флексибилност на…

Повеќе

Северна Кореја вчера соопшти дека успешно тестирала „нов, најсовремен вооружен систем“ што вклучува суперсонични ракети како дел од одбранбената програма за зајакнување на нејзиното стратешко одвраќање. Две суперсонични ракети беа лансирани од област во близина на главниот град Пјонгјанг и погодија цел на копното во североисточниот дел од земјата, објави утринава државната новинска агенција KCNA. Агенцијата не спомена дали севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун бил присутен на тестот. Северна Кореја развива суперсонични ракети кои можат да маневрираат и да ја избегнуваат воздушната одбрана на нивните цели. Јужнокорејската војска вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички ракети со краток дострел…

Повеќе

Коалицијата ВЛЕН реагираше на изјавите на претставници на коалицијата НАИ, оценувајќи дека нивните обиди да ги претстават резултатите од локалните избори од 19 октомври како „мандати за пратеници“ се доказ дека, како што наведуваат, НАИ не само што изгубила гласови, туку и контакт со реалноста. „Ова беа локални избори. И токму тука Албанците проговорија појасно од кога било – тие избраа промени, тие избраа ВЛЕН. Во повеќе од десет општини, Албанците ја дадоа својата доверба во нова енергија и во луѓе кои работат, а не во оние кои се кријат зад лажен патриотизам кога немаат што да му понудат на…

Повеќе

Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до граѓаните во која истакнува дека овој ден нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината. -Денешниот ден нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината. Искрата разгорена токму на овој ден во 1893 година ја претвори македонската мисла во движење и ги постави темелите на нашата држава, истакнува министерот Мисајловски. Тој порачува дека патриотизмот не е само збор, туку е симбол на достоинство, храброст и единство во секојдневието и во службата, во…

Повеќе

Денешниот празничен ден, дел од актуелните и кандидати за градоначалници во скопските општини покренаа акција и се организираа за собирање на комуналниот смет. Актуелниот градоначалник на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во својата објава истакна дека нема да дозволат да се загрози здравјето на граѓаните поради нефункционалноста на ЈП ,,Комунална хигиена” – Добро утро Скопје, честит празник Македонијо! Додека градските власти спијат, ние од раните утрински часови го чистиме градот. Не смееме да дозволиме поради нефункционалноста на ЈП ,,Комунална хигиена” да се загрози здравјето на нашиот народ. За неколку дена од сега, после…

Повеќе

Во ноќта меѓу сабота и недела, на 26 октомври во 03:00 часот по полноќ, Македонија преминува на зимско сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се вратат еден час наназад, па 03:00 ќе стане 02:00. Со оваа промена, која се спроведува секоја есен според европскиот календар и владината одлука објавена во „Службен весник“, започнува периодот на пократки денови и подолги утрински светли часови. Поголемиот дел од дигиталните и паметни уреди автоматски ќе се приспособат на новото време, но сопствениците на аналогни часовници треба рачно да ги вратат стрелките за еден час. Граѓаните кои патуваат или работат во смена во ноќта…

Повеќе

Со освоени 550 советнички места низ целата држава и градот Скопје, како и над 300.000 гласови, ВМРО-ДПМНЕ ја потврди довербата од граѓаните, се наведува во соопштението на партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека партијата бележи раст од 82 советнички места, односно зголемување од 17,5% во споредба со претходните локални избори. Според податоците што ги наведуваат, опозициската СДСМ освоила околу 230 советнички места, што е 166 помалку од минатите избори, или 42% помалку во однос на претходниот изборен циклус. Исто така, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ има и значителен пад во бројот на гласови – околу 126.000 гласа, што претставува намалување од…

Повеќе

Министерот за јавна администрација Горан Минчев по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните во која порачува дека на денешен ден оддаваме почит на визијата и пожртвуваноста на македонските револуционери кои со својата борба ги поставија темелите на нашата државност и стремежот за слобода, правда и еднаквост. -Храброста и идеалите на борците од Илинденската и народноослободителната традиција остануваат втемелени во нашето колективно сеќавање и не водат во напорите за градење на современа, демократска и праведна држава, истакнува Минчев во честитката. Тој посочува дека како министер за јавна администрација „силно верува дека токму преку отчетност,…

Повеќе

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во честитката Гаши истакнува дека 23 Октомври не потсетува на стремежот за правата, еднаквоста и општествената организираност во едно значајно историско време. -Овој ден ни нуди можност да размислиме за патот што го поминавме како држава и за нашата заедничка посветеност кон подобра иднина за сите наши граѓани, порачува претседателот на Собранието. Тој нагласува дена во време на предизвици, важно е да го одржиме жив дијалогот, почитта и демократските вредности кои нè обединуваат како општество. -Само преку соработка и инклузивност можеме…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните со порака да го продолжиме револуционерен пат, не со оружје, туку со револуционерен ум, револуционерно знаење и со револуционерни реформи. -Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кога гордо се потсетуваме на грандиозната историска улога на македонската револуционерна организација, врз чиј дух и дело почива македонската државност. Многупати сум потсетила дека животот во слобода, мир и демократија во своја национална држава не ни е подарен, туку е извојуван и изборен од нашите предци, македонските револуционери. Не случајно Републиката, во Член…

Повеќе