Author: Author 03

Вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, одржа говор на мини митингот во Кичево, каде отворено повика на поддршка за кандидатот за градоначалник, Александар Јовановски. – Од Кичево испраќаме јасна порака: време е за промени, време е за работа, проекти и напредок. Сите заедно да го поддржиме Александар Јовановски – човек со визија, енергија и искрена намера да помогне на секој кичевчанец, изјави Мисајловски.

Повеќе

Амазон започна планови за масовна автоматизација на своите операции, со што би се избегнало вработување на повеќе од 600.000 работници во СAД до 2033 година, според интерни документи до кои дојде Њујорк Тајмс. Документите откриваат дека компанијата очекува, со помош на роботи, да го удвои обемот на продажба со помала работна сила. Според извештајот, одделот за роботика на Амазон има за цел да автоматизира дури 75 проценти од сите деловни процеси во магацините и логистиката. До 2027 година, автоматизацијата би можела да елиминира околу 160.000 работни места, заштедувајќи ѝ на компанијата околу 12,6 милијарди долари, или 30 центи по испратена…

Повеќе

„Во вториот круг секако ќе имаме пораст на гласови, но во секој случај тешко е да се споредуваат локални и парламентарни избори, бидејќи на локалните избори има помал процент на излезеност, а поголема фрагментација по однос на големата бројка на листи за кандидати за советници. На парламентарни избори има поголем процент на излезеност, а истовремено има помала фрагментација и национална униформирана кампања“, вели Антонијо Милошоски, член на ИК и пратеник во македонското собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју на Алсат телевизија.Милошоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема победа на локалните избори досега, како и дека претставува мотив за да се продолжи со посветена работа и во…

Повеќе

Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во дневникот на ТВ Сител во Тема на денот каде што истакна дека во првите 72 часа ќе направи генералка на цело Скопје и истакна дел од проектите кои се приоритетни како изградбата на подземна сообраќајница во Скопје. „Проблемот со сметот не е само од денес и не е изминатата недела, ние имаме хроничен проблем неколку години наназад со кои се соочуваме како скопски градоначалници земајќи во предвид дека на многумина не им се јасни ингеренциите и постојано го вперуваат прстот, граѓаните на крајот од денот и не ги…

Повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Лондон ја оцени како исклучително успешна својата посета и серијата средби со високи претставници од европскиот и британскиот политички врв. Во својата изјава, Мицкоски истакна дека во текот на денот биле отворени важни теми поврзани со економијата, безбедноста, европските интеграции, но и со справувањето со нелегалната миграција. „Генерално имавме многу плоден ден, со многу состаноци што опфатија економија, безбедност и интеграцијата на Македонија во ЕУ, теми коишто беа доминантни и на Самитот на Берлинскиот процес. Дополнително, отворивме и прашањето за нелегалната миграција“, рече Мицкоски. Тој го започнал денот со средба со францускиот министер за…

Повеќе

На синоќешниот прием за учесниците на самитот на Берлинскиот процес во Лондон, Влатко Стефановски му го подарил својот албум „London Sessions“ на кралот Чарлс III. На приемот во палатата St.James покрај политичките лидери беа поканети и Стефановски, режисерот Манчевски и Раде Шербеџија. Стефановски е сега единствениот музичар од регионот кој имал лична средба со британскиот монарх и му ја претставил својата музика. А Манчевски ја искористил можноста да го препорача својот култен филмски првенец на кралот.

Повеќе

Жителка на јужнокорејскиот град Осан се соочува со кривично гонење, откако се обидела да убие лебарка со импровизиран „фрлач на пламен“ и предизвикала пожар во станбена зграда. Во големиот инцидент, едно лице загина, пренесува Би-Би-Си. Огнот ги зафатил предметите во станот Според наводите на полицијата, жената во дваесеттите години се обидела да ја убие лебарката користејќи запалка и запалив спреј – метода која, како што признала, ја користела и претходно. Меѓутоа, овојпат огнот излегол од контрола и ги зафатил предметите во нејзиниот стан, предизвикувајќи пожар. Една сосетка, државјанка на Кина во триесеттите години, загинала откако паднала од прозорец во обид…

Повеќе

Новиот „Одбранбен законик“ на Белгија експлицитно ќе ја овласти војската да соборува беспилотни летала, изјави белгискиот министер за одбрана Тео Франкен за време на парламентарната седница, истакнувајќи дека сегашната законска рамка остава простор за толкување. Според сегашното законодавство, мислам дека е можно, но мора јасно да ги дефинираме правилата за нашите војници да бидат заштитени и од правна страна“, нагласи Франкен, објави „Браселс тајмс“. Прашањето беше покренато откако беспилотни летала беа забележани над воениот камп Елзенборн, во близина на германско-белгиската граница, во ноќта меѓу 2 и 3 октомври. Потеклото и целта на беспилотните летала остануваат непознати, а во тек е…

Повеќе

Патот на Западен Балкан кон европското семејство треба да се забрза, а Грција ќе се погрижи во оваа насока со низа иницијативи, порача министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис во изјава за државната телевизија ЕРТ по учеството на Самитот на Берлинскиот процес во Лондон, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката дипломатија истакна дека Берлинскиот процес е „исклучително важен форум, што се однесува на иднината на Западен Балкан и иднината на самата Европа“, а уште еднаш ја повтори поддршката на Грција, велејќи дека земјата отсекогаш била предводник на процесот на евроинтеграција на Западен Балкан, „а денес…

Повеќе

Најмалку 40 мигранти од земјите од подсахарска Африка загинаа денеска откако нивниот брод се преврте и потона покрај брегот на Тунис, во една од најсмртоносните поморски трагедии во регионот оваа година, изјави неименуван официјален претставник. Бродот, што превезувал околу 70 мигранти, потона во близина на крајбрежниот град Махдија, јавуваат британските медиуми. Тунис стана клучна транзитна земја за мигрантите кои бегаат од конфликти и сиромаштија во потрага по подобар живот во Европа. Најновиот инцидент ги потсетува властите на постојаните ризици со кои се соочуваат мигрантите и на зголемените проблеми со кои се соочуваат земјите од Северна Африка во контролата на нелегалните…

Повеќе